Во три самоубиствени бомбашки напади во јеменскиот град Аден денеска се убиени најмалку 20 лица. Одговорноста за нападите ја презеде Исламска држава, пренесоа британските медиуми.

Автомобил-бомба експлодира на воен контролен пункт во Бурајка, во северозападен Аден, при што загинаа војници и цивили. Другите две експлозии се регистрирани на контролни пунктови на патот што води кон базата на коалицијата, предводена од Саудиска Арабија, која војува против бунтовниците Хуси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


