| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен „министерот за финансии“ на Исламската држава

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер изјави дека во акција на силите на САД бил убиен вториот човек на терористичката организација Исламска држава. Картер, денеска во Вашингтон, рече дека бил убиен Хаџи Имам, познат и како Абд ар-Рахман ал-Кадули, кој се сметаше за „министер за финансии“ на организацијата. Картер не даде детали за акцијата, ниту, пак, кажа дали терористот бил убиен во Ирак или во Сирија. Тој додаде дека убиството на Имам ќе ја намали способноста на Исламската држава „да изведува операции во и надвор од Ирак и од Сирија“.

Претходно овој месец, САД соопштија дека во воздушен напад во Сирија го убиле Омар ал-Шишани, кого го опишаа како „министер за војна“ на Исламската држава. Во ноември, пак, Вашингтон соопшти дека во воздушни напади во Либија бил убиен еден од водачите на организацијата, Абу Набил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top