| четврток, 6 декември 2018 |

Нови експлозии во Брисел – во тек е антитерористичка акција

Многуројни полициски сили во моментов вршат голема операција во близина на местото Мејзер во проблематичната населба Скарбек, како дел од антитерористичката акција по нападите на аеродромот и метро-станица во Брисел во вторникот кога 31 лице го загуби животот, а 300 беа повредни, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Специјалните единици на федералната полиција се во моментов на Мејзер каде што, според националната телевизија „РТБФ“ влегле во една куќа при што се слушнале две експлозии уште на почетокот на интервенцијата.

Неколку сведоци на местото на настанот, за „РТБФ“ сведочат дека се слушнала и престрелка со огнено оружје, додека трамваите што поминуваат покрај ова место се евакуирани, а сообраќајот на автобусите на двете компании за јавен превоз „СТИБ“ и „Де Лејн“ е цеосно прекинат.

Околината на местото Мејзер во Скарбек е целосно затворена и опкружена од тешко вооружени полицајци и војници, како и од воени камиони. Тимот за деминирање на војската е, исто така, на лице место, а забележан е и полициски робот за деминирање, што го потврдија од Министерството за внатрешни работи на Белгија.

Сепак, од белгиското МВР не сакаат известат официјално дали оваа акција е поврзана со групата на браќата Ел Бакрауи, Салах Абдеслам и Наџим Лашрауи, од кои вториот е уапсен уште пред терористичките напади, додека останатите се саморазнесоа на аеродромот Завентем и на метро-станицата Малбек во европскито кварт на Брисел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top