| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Вељановски, радиолог: Со маг­нет­на­та ре­зо­нан­ци­ја мо­же да се откри­јат најд­ла­бо­ки­те мо­зоч­ни тај­ни

На апа­ра­тот за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја за 15 - 20 ми­ну­ти до­би­ва­ме фас­ци­нант­на мо­зоч­на ма­па со фи­ни пре­се­ци до еден ми­ли­ме­тар што ни овоз­мо­жу­ва да го гле­да­ме мо­зо­кот ка­ко на длан­ка. Ске­ни­ра­ње­то со  маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја де­нес е до­ве­де­но ре­чи­си до со­вр­шенс­тво, ве­ли д-р Ве­ља­нов­ски

Град­ска­та оп­шта бол­ни­ца „8 Сеп­тем­ври“ по­ле­ка, но си­гур­но се транс­фор­ми­ра во мо­де­рен ме­ди­цин­ски цен­тар, кој ста­ну­ва си­но­ним на до­вер­ба и за ква­ли­тет во се­кун­дар­но­то здрав­ство со ед­на се­ри­оз­на тен­ден­ци­ја кон уни­вер­зи­тет­ска афи­ли­ја­ци­ја. Ми­на­та­та го­ди­на се бе­ле­жи зна­чи­те­лен по­раст на бро­јот на па­ци­ен­ти што се­којд­нев­но гра­ви­ти­ра­ат на ра­ди­о­ло­шко­то од­де­ле­ние. Ла­ни се за­бе­ле­жа­ни по­ве­ќе од 50.000 прег­ле­ди на ра­ди­о­ло­шки­от од­дел, што е ед­на број­ка за по­чи­ту­ва­ње и во по­ши­ро­ки раз­ме­ри.

– Се ра­бо­ти за ед­на ши­ро­ка ле­пе­за на ди­јаг­но­стич­ки про­це­ду­ри што им се на рас­по­ла­га­ње се­којд­нев­но на гра­ѓа­ни­те на РМ, а тоа се: маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја, комп­ју­тер­ска то­мо­гра­фи­ја, ма­ма­ди­јаг­но­сти­ка, ко­ја вклу­чу­ва ди­ги­та­лен ма­мо­граф и апа­рат за ехо­то­мо­гра­фи­ја на дој­ка, комп­лет­на ди­ги­та­ли­за­ци­ја на кон­вен­ци­о­нал­ни­те ра­ди­о­граф­ски ин­ве­сти­га­ции, си­те ви­до­ви пунк­ци­ски би­оп­сии, ка­ко и би­оп­сии на дој­ка, аб­до­мен, бе­ли до­бо­ви и ме­ки тки­ва со па­то­хи­сто­ло­шка ве­ри­фи­ка­ци­ја, кла­сич­на ан­ги­о­гра­фи­ја, ба­лон­ска ди­ла­та­ци­ја и стен­ти­ра­ње на пер­и­фер­ни ар­те­рии, ем­бо­ли­за­ци­ја на ту­мор­ски про­ме­ни на црн дроб и ми­о­ми на уте­рус, не­ва­ску­лар­ни про­це­ду­ри – ве­ли во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ д-р Ди­ми­тар Ве­ља­нов­ски, спе­ци­ја­лист ра­ди­о­лог, кој пред три го­ди­ни бе­ше на спе­ци­ја­ли­за­ци­ја во Ка­на­да.

За ка­кви сѐ ис­пи­ту­ва­ња се ко­ри­сти маг­нет­на­та ре­зо­нан­ци­ја, ка­кви ин­фор­ма­ции да­ва и кол­ку им по­ма­га на до­кто­ри­те во ди­јаг­но­сти­ци­ра­ње­то на бо­ле­ста?

ВЕЉАНОВСКИ: Маг­нет­на­та ре­зо­нан­ци­ја (МР) прет­ста­ву­ва мо­ќен ди­јаг­но­стич­ки мо­да­ли­тет, кој ни по­ма­га нам, на ра­ди­о­ло­зи­те, да про­дре­ме во нај­суп­тил­ни­те ана­том­ски тај­ни на чо­веч­ко­то те­ло. Се ра­бо­ти за нај­ре­во­лу­ци­о­нер­но­то откри­тие на 20 век, кое оз­на­чи еден нов, по­и­на­ков мо­дел во диjаг­но­сти­ка­та и до­не­се но­ва свет­ли­на во ра­ди­о­ло­шко­то се­којд­не­вие пра­веј­ќи го по­под­нос­ли­во. Ако пред сто­ти­ци го­ди­ни единс­тве­на­та при­ви­ле­ги­ја да до­прат  им ви­во во нај­скри­е­ни­те ана­том­ски тај­ни ја имаа ана­то­ми­те и па­то­ло­зи­те ра­бо­теј­ќи во сво­и­те са­ли за ди­сек­ци­ја, де­нес тоа ние го пра­ви­ме мно­гу суп­тил­но, без­бол­но, ру­тин­ски, без ка­кво би­ло зра­че­ње, се­којд­нев­но кај мно­гу па­ци­ен­ти на кои им е по­треб­на бр­за ди­јаг­но­за и на­вре­мен трет­ман. Со тоа се ис­пи­шу­ва ед­на но­ва ера на ди­ги­тал­на ви­ви­сек­ци­ја. Де­нес со по­мош на апа­ра­тот за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја се из­ве­ду­ва ши­рок спе­ктар на ди­јаг­но­стич­ки ин­ве­сти­га­ции во смис­ла на де­тал­но ис­ле­ду­ва­ње на цен­трал­ни­от нер­вен си­стем – мо­зо­кот, ’рбет­ни­от столб, аб­до­ми­нал­ни­те ор­га­ни,  му­ску­ло­ске­лет­ни­от си­стем и крв­ни­те са­до­ви во це­лост.

Dr Dimitar Veljanovski (1) (Custom)

Де­нес со по­мош на апа­ра­тот за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја се из­ве­ду­ва ши­рок спе­ктар на ди­јаг­но­стич­ки ин­ве­сти­га­ции

Вие сте спе­ци­ја­лист по ра­ди­о­ло­ги­ја, кој се усо­вр­шу­ва­ше на Уни­вер­зи­те­тот „Ме­кгил“ во Ка­на­да бла­го­да­ре­ние на ан­гаж­ма­нот на на­ши­от вр­вен струч­њак во тоа по­ле, д-р Ни­ко­ла Сти­ков. Со ка­кви зна­е­ња се вра­ти­вте од та­му?

ВЕЉАНОВСКИ: Со по­средс­тво, и под це­лос­но фи­нан­си­ско по­кро­ви­телс­тво на Ми­ни­стерс­тво­то за здрав­ство на РМ имав мож­ност во 2013 го­ди­на два ме­се­ца да пре­сто­ју­вам во еден од нај­поз­на­ти­те свет­ски цен­три за обу­ка на маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја, Не­вро­ра­ди­о­ло­шки­от ин­сти­тут во Мон­тре­ал, Ка­на­да, кој е во рам­ки на Уни­вер­зи­те­тот „Ме­гкил“. Бла­го­да­ре­ние на из­во­нред­ни­от ан­гаж­ман на проф. Ни­ко­ла Сти­ков, кој е еден од нај­про­ми­нент­ни­те и нај­на­деж­ни ма­ке­дон­ски не­вро­на­уч­ни­ци со свет­ско ре­но­ме,  ви­стин­ски ма­ке­дон­ски ам­ба­са­дор и пред­вод­ник на на­уч­на­та мис­ла, на­ви­сти­на бр­зо се ин­кор­по­ри­рав и се одо­ма­ќи­нив и не са­мо во ра­бот­на­та сре­ди­на ту­ку и во сту­де­ни­от, но ин­три­ган­тен и за­вод­лив фран­ко­фон­ски ам­би­ент. Цвр­сто ве­ру­вам де­ка го­ле­ми­от сон на проф. Сти­ков во бр­за ид­ни­на ќе се транс­фор­ми­ра во ја­ве, ко­га ќе се по­ста­ват те­ме­ли­те на ма­ке­дон­ски ин­сти­тут за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја и не­ма ка­ква би­ло при­чи­на да не ве­ру­ва­ме во тоа за­тоа што Ма­ке­до­ни­ја има мно­гу та­лен­ти­ра­ни на­уч­ни мис­ли­те­ли по­чи­ту­ва­ни и рас­е­а­ни по све­тот, кои би да­ле не­се­би­чен при­до­нес за по­диг­ну­ва­ње на ма­ке­дон­ска­та на­уч­на свест. Мо­јот дво­ме­се­чен пре­стој прет­ста­ву­ва­ше актив­на пар­ти­ци­па­ци­ја во ра­бот­ни­от про­цес на од­де­ле­ни­е­то, учес­тво во се­којд­нев­ни­те за­да­чи и об­вр­ски, утрин­ски­те со­ста­но­ци, на­уч­ни­те ра­бо­тил­ни­ци ка­де што се ди­ску­ти­ра­ше за кон­крет­ни слу­чаи, нив­на ди­јаг­но­стич­ка обра­бо­тка, тип на трет­ман и на сле­де­ње. Имав екск­лу­зив­на мож­ност да по­се­ту­вам со­ста­но­ци во кои учес­тву­ваа вид­ни на­уч­ни ра­бот­ни­ци од це­ла­та про­вин­ци­ја Кве­бек, со пре­зен­та­ции и ди­ску­сии на ра­ри­тет­ни слу­чаи за кои е по­треб­на кон­зи­ли­јар­на екс­пер­ти­за. Ди­јаг­но­стич­ки­те мо­да­ли­те­ти во од­де­лот во Мон­тре­ал беа во че­кор со нај­со­вре­ме­ни­те свет­ски стан­дар­ди од кои „МР 3Т си­менс“, „КТ  320 то­ши­ба“, но гра­ви­ти­ра­ше и апа­ра­ту­ра од ти­пот 1,5 МР, ко­ја во мо­мен­тов ја ко­ри­сти­ме во на­ше­то од­де­ле­ние. Имав при­ви­ле­ги­ја пре­сто­јот да го де­лам и да ра­бо­там за­ед­но со еден од нај­до­бри­те ра­ди­о­ло­шки тех­но­ло­зи Ли­ла Ланз­берг од мо­е­то од­де­ле­ние во ГОБ „8 Сеп­тем­ври“. Искус­тво­то е не­за­бо­рав­но за­тоа што имав­ме мож­ност дел од еду­ка­ци­ја­та да ја по­ми­не­ме  во истра­жу­вач­ки­от цен­тар со ко­ле­ги што не­се­бич­но го спо­де­лу­ваа сво­е­то зна­е­ње. Дел од ра­бот­ни­те про­то­ко­ли се се­га на­ша ру­тин­ска пра­кти­ка со мож­ност за над­гра­ду­ва­ње на оп­се­гот на соф­твер­ски­те ка­па­ци­те­ти на МР со што ќе мо­же­ме да из­ве­ду­ва­ме и мно­гу по­комп­ли­ку­ва­ни ди­јаг­но­стич­ки и на­уч­ни про­це­ду­ри.

Dr Dimitar Veljanovski (5) (Custom)

На апа­ра­тот за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја за 15 – 20 ми­ну­ти до­би­ва­ме фас­ци­нант­на мо­зоч­на ма­па со фи­ни пре­се­ци до еден ми­ли­ме­тар што ни овоз­мо­жу­ва да го гле­да­ме мо­зо­кот ка­ко на длан­ка

Ва­ше­то по­ле на по­тес­на спе­ци­јал­ност е не­вро­ло­ги­ја­та, со оп­сер­ва­ци­ја на цен­трал­ни­от нер­вен си­стем. Ка­ко маг­нет­на­та ре­зо­нан­ци­ја ќе по­мог­не во оп­сер­ва­ци­ја­та?

ВЕЉАНОВСКИ: Мо­јот фо­кус на ин­те­рес е не­вро­ра­ди­о­ло­ги­ја­та, тоа е сег­мент од ра­ди­о­ло­ги­ја­та што се за­ни­ма­ва со оп­сер­ва­ци­ја на цен­трал­ни­от нер­вен си­стем со по­мош на комп­ју­тер­ска то­мо­гра­фи­ја и на маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја. На апа­ра­тот за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја за 15 – 20 ми­ну­ти до­би­ва­ме фас­ци­нант­на мо­зоч­на ма­па со фи­ни пре­се­ци до еден ми­ли­ме­тар  што ни овоз­мо­жу­ва да го гле­да­ме мо­зо­кот ка­ко на длан­ка. Ске­ни­ра­ње­то со маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја де­нес е до­ве­де­но ре­чи­си до со­вр­шенс­тво би­деј­ќи го­ле­ми­на­та, пред­но­ста и аван­гард­но­ста се со­стои во тоа што мо­же­ме да нав­ле­зе­ме и да ги откри­е­ме најд­ла­бо­ки­те мо­зоч­ни тај­ни, од­нос­но да го оп­сер­ви­ра­ме мо­зо­кот на не­кол­ку ни­воа ко­ри­стеј­ќи раз­лич­ни про­то­ко­ли на сни­ма­ње. Со стан­дард­ни­от ру­тин­ски про­то­кол ги вклу­чу­ва­ме стан­дард­ни­те пулс се­квен­ции и до­би­ва­ме де­тал­но ана­том­ско 3Д бе­ле­же­ње на ста­ци­о­нар­но­то мо­зоч­но тки­во, од­нос­но де­тал­на ана­том­ска сли­ка на раз­лич­ни­те мо­зоч­ни стру­кту­ри, ка­ко мо­зоч­ни ги­ру­си, сул­ку­си, ди­стри­бу­ци­ја на си­ва и на бе­ла мо­зоч­на ма­са, вен­тру­ку­ла­рен си­стем, со мож­ност за ви­зу­а­ли­за­ци­ја и на нај­ма­ли­те аб­нор­мал­но­сти до не­кол­ку ми­ли­ме­три. Ди­фу­зи­ско сли­ка­ње или МР на мо­ле­ку­лар­но и кле­точ­но ни­во. Тоа се про­то­ко­ли за ра­на де­тек­ци­ја на мо­зо­чен удар во хи­пе­ра­кут­на фа­за што ни по­ма­га­ат за ра­но откри­ва­ње ко­га на стан­дард­ни­те ске­ни­ра­ња на комп­ју­тер­ска то­мо­гра­фи­ја или маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја не за­бе­ле­жу­ва­ме ни­ка­кви про­ме­ни. Важ­но­ста е по­вр­за­на со пре­поз­на­ва­ње на мо­зоч­ни­от удар и со на­вре­ме­на те­ра­пи­ја со цел пре­ве­ни­ра­ње на трај­но  оште­ту­ва­ње на мо­зоч­но­то тки­во и на­ма­лу­ва­ње на сте­пе­нот на ин­ва­лид­ност. Спе­ктро­скоп­ска ана­ли­за или МР на би­о­хе­ми­ско ни­во е не­ин­ва­зив­на ди­јаг­но­стич­ка ала­тка, ко­ја се ко­ри­сти за оп­сер­ва­ци­ја на би­о­хе­ми­ски­те про­ме­ни во мо­зоч­но­то тки­во. Со ком­па­ри­ра­ње на вред­но­сти­те на  раз­лич­ни­те ме­та­бо­ли­ти што цир­ку­ли­ра­ат во мо­зо­кот  до­а­ѓа­ме до по­бр­за конк­лу­зив­ност во ди­јаг­но­сти­ци­ра­ње­то. Овој мо­дел најм­но­гу на­о­ѓа при­ме­на кај мо­зоч­ни­те ту­мо­ри  за де­тер­ми­ни­ра­ње на сте­пен на агре­сив­ност или ко­га се во пра­ша­ње ди­фе­рен­ци­јал­но ди­јаг­но­стич­ки­те ди­ле­ми во сми­сол да­ли се ра­бо­ти за ту­мор­ска про­ме­на или друг па­то­ло­шки ен­ти­тет. Спо­ме­на­ти­те ди­јаг­но­стич­ки про­то­ко­ли што имав мож­ност да ги пра­кти­ку­вам се ве­ќе дел од на­ша­та се­којд­нев­на ра­бот­на ру­ти­на во ГОБ „8 Сеп­тем­ври“.

Што е тол­ку фас­ци­нант­но во мо­зо­кот на чо­ве­кот?

ВЕЉАНОВСКИ: Чо­веч­ки­от мо­зок е нај­ве­ро­јат­но со­вр­шен комп­ју­тер­ски си­стем, кој иде­ал­но функ­ци­о­ни­ра по пре­циз­ни пра­ви­ла со бр­зи­на што ја над­ми­ну­ва бр­зи­на­та на свет­ли­на­та и со пер­фект­на точ­ност со не­над­мин­ли­ва ра­ци­о­на­ли­за­ци­ја за да ги син­хро­ни­зи­ра и да им да­де смис­ла и па­то­каз на си­те дру­ги функ­ции на чо­веч­ко­то те­ло. 21 век е ера во ко­ја мно­гу тај­ни на мо­зоч­но­то тки­во ќе би­дат раз­ре­ше­ни и мно­гу ми­то­ви за функ­ци­о­нал­но­ста и за ка­па­ци­те­ти­те на мо­зо­кот ќе би­дат де­ми­сти­фи­ку­ва­ни. Жи­ве­е­ме во до­ба ко­га на гло­бал­но ни­во се исту­ра­ат ми­ли­о­ни  до­ла­ри во свет­ски­те не­вро­ла­бо­ра­то­рии кои ќе ини­ци­ра­ат но­ви на­уч­ни откри­ти­ја по­вр­за­ни со не­вро­на­у­ка­та, мо­зоч­на­та ана­то­ми­ја, функ­ци­о­нал­но­ста, ка­па­ци­те­ти­те и па­то­ло­шки­те ен­ти­те­ти. А сѐ до­то­гаш не­ка нѐ во­ди мо­то­то на Уни­вер­зи­те­тот „Мег Гил“ – „Grandescunt aucta labore “ што би зна­че­ло мно­гу ра­бо­та, мно­гу отка­жу­ва­ње и се­бе­жр­тву­ва­ње, кои ќе го оправ­да­ат про­фе­си­о­нал­ни­от пре­диз­вик и ќе ја збо­га­тат на­ша­та ду­хов­на риз­ни­ца.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top