| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца холандски државјани настрадале во нападите во Брисел

напад

Тројца државјани на Холандија се меѓу загинатите во терористичките напади на аеродромот и на метро-станицата Малбек во Брисел во вторникот, во кои вкупно загина 31 лице, а повеќе од 300 беа повредени, јави дописникот на МИА од Брисел.

Како што информираат холандските медиуми, смртта на тројцата Холанѓани денеска ја потврдил министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс, кој се наоѓа во официјална посета на Индонезија.

Според Кундерс, жртвите се брат и сестра што живееле во САД, како и една жена од градот Девентер.

Шефот на холандската дипломатија и претседавач со Советот на Европската унија, потврди дека синоќа тој веќе ги известил семејствата на загинатите.

Покрај овие тројца холандски државјани, единствено досега е познат идентитетот на уште еден странец, кој загинал во терористичктие напади во Брисел. Станува збор за 36-годишната Перуанка, Марина Тапија Руиз.

Белгискиот министер за надворешни работи Дидје Рејндерс, потврди дека меѓу жртвите во нападите има државјани на најмалку 14 држави, но белгиските власти се уште не излегле со имиња и националност на загинатите, бидејќи според нив, „најважно е згрижување и безбедност на повредените“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top