| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца ја одби поканата за журката на Брена- Не сака во хотелот каде го убија Аркан

аркан

Цеца го одбила повикот на Лепа Брена за прослава на полнолетството на нејзиниот син Виктор Живоиновиќ, бидејќи не сака да се весели во хотелот каде пред 16 години го убија нејзиниот сопруг Аркан.

Најмладиот син на Лепа Брена и Боба Живоиновиќ, Виктор едвај го убедил својот другар Вељко Ражнатовиќ да дојде на забавата закажана за 30 март, но не и неговата мајка Цеца. Кога наследникот на фолк ѕвездата добил покана, се двоумел дали да присуствува на гала преславата, бидејќи како и неговата мајка си ветил дека нема да стапне во хотелот Краун плаза, поранешен Интерконтинентал, во кој го убија неговиот татко Аркан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top