| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсена Флоренс Хартман, поранешната портпаролка на Карла дел Понте

Поранешната портпаролка на обвинителот на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ), Флоренс Хартман, беше уапсена од страна на холандската полиција околу пладне.
28067golema
Таа дојде да присуствува на судењето на поранешниот политички лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ. Во времето на апсењето, оваа поранешна новинарка на “Монд” беше со жртвите на злосторства извршени во Босна, дојдени да демонстрираат во Хаг. Многу од нив се обиделе да спречат холандската полиција да ја уапси Хартман.

Флоренс Хартман беше осудена на 7.000 евра парична казна од судот за “непочитување на две доверливи одлуки на судиите “, по откривањето во својата книга “Мир и казна”, објавена во септември 2009 година, каде се бара од Србија да не се објави и соработката на земјата со Судот.

Белград потоа се согласи да обезбеди судски тајни документи. Тие биле користени во разни поцеси, особено против Слободан Милошевиќ.

Во својата книга, Хартман објасни дека овие документи ја докажуват директната вмешаност на Србија во злосторствата извршени во Босна. Таа проценила дека требало да бидат доставени од страна на судиите во Кривичниот суд во друг суд, Меѓународниот суд на правдата (МСП), пред кој српската држава беше обвинета за геноцид во Босна и Херцеговина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top