Во изминатите девет години ветивме, осмисливме и реализиравме повеќе од 3.500 проекти. Идеите за проектите потекнуваат од граѓаните, бизнис и академската заедница, а ние професионално ги моделиравме и изработивме. Ветувавме онолку колку што мислевме дека можеме објективно да реализираме, а остваривме повеќе од ветеното.
Ова во кажа вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски во отчетот за сработеното во изминатите девет години, нагласувајќи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со својата работа и посветеност покажа и докажа како се сака и како треба да се бори за Македонија.
– Дадениот збор е она што не разликува од другите поради кое граѓаните ни ја дадоа довербата да ја водиме државата, а со сериозниот пристап и ангажманот ние им се одолжуваме, рече Пешевски.
Како еден од најважните аспекти кои придонесуваат за континуираниот економски прогрес на Македонија ги истакна директните странски инвестиции на кои, како што посочи, Владата предводена од Никола Груевски стави особен фокус особено на привлекувањето на реномирани странски компании. За таа цел, додаде, беше формиран професионален и успешен економки тим, создадени се одлични бизнис услови и е изградена соодветна инфраструктура.
– Целиот тим, почнувајќи од претседателот Груевски, вицепремиерите за финансии и за економски прашања, министрите за странски инвестиции, директорите на Агенцијата за странски инвестиции и Дирекцијата на ТИРЗ, како и странските промотори работиме посветено и напорно и сме во постојан контакт со потенцијални инвеститори и во потрага по нови, рече Пешевски, посочувајќи дека странските директни инвестиции носат повеќекратен бенефит за економската економија преку директните финансиски средства и вработувања, а овозможуваат и дополнителни вработувања и профит за домашните компании кои соработуваат со нив, како и трансфер на знаења и производство на производи со поголема додадена вредност што придонесуваат за зголемување на извозот на стоки.
Во наредните две до три години, како што истакна, директните вработувања во странските инвестиции ќе достигнат до 34.000 лица и додаде дека од 2006 до 2015 година во Македонија се влезени 2,6 милијарди евра странски директни инвестиции или по 262 милиони евра годишно, што е за над 2,5 пати повеќе отколку во периодот од 1993 до 2005 година.
– Во периодот од 2007 до 2015 година просечниот годишен извоз од Македонија изнесува 3 милијарди евра и е двојно поголем во однос на извозот во периодот од 2003 до 2006 година што во голема мера се должи на порастот на извозот од странските директни инвестиции особено на оние лоцирани во ТИРЗ. Во 2015 извозот достигна рекордно ниво од 4 милијарди и 51 милион евра што е најдобро од осамостојувањето на земјава и е двојно повеќе во споредба со 2006 година. Извозот од ТИРЗ лани достигна скоро 1,5 милијарди евра, што претставува раст од 25,9 отсто споредено со 2014 година и сочинува 36 проценти од вкупниот извоз на земјава, рече Пешевски и додаде дека постепено се менува и структурата на извозот и Македонија се повеќе извезува производи со поголема додадена вредност.
Од соработката со странските компании, посочи, 500 македонски компании како добавувачи и извршители на градежни и услужни дејности остварија значајни средства, а нив им беше трансферирано и знаење и технолошки процеси за создавање производи со дополнителна додадена вредност.
– Во целиот процес на привлекување на странски инвестиции важен е фактот дека при контактот со претставниците на компаниите работиме да ги насочиме се повеќе нивните проекти да ги лоцираат во другите градови во државата, освен во Скопје со што во последните две-три години се подобрува драстично сликата во повеќе градови во земјава, рече Пешевски.
Истакна дека реномирани компании веќе инвестираа во Кавадарци, Битола, Штип, Струмица, Кочани, Тетово, Кичево, Струга, Демир Хисар…Дрекслер Мајер инвестицја од 35 милиони евра во Кавадарци отвори 5.800 работни места, Кромберг и Шуберт инвестиција од 20 милиони евра во Битола мментално има 2.800 вработени со најава дека нивната бројка ќе оди до 3.500, Џонсон Контролс од 51 милион евра и во Штип и Струмица со 3.300 вработени. Во фаза на градба се Гентерн во Прилеп инвестиција од 20 милиони евра со 345 моментални вработувања, а 2.000 најавени, Кис сејфти систем во Кичево инвестиција од 15 мијлиони евра 150 моментлани а најавени 1.000 вработувања….
– Сепак Скопје останува центарот на странските инвестиции и тука во зоните оперираат повеќе компании меѓу кои Ванхол инвестиција од 35 милиони евра со 830 моментални и 400 најавени нови вработувања, Џонсон Мети инвестиција од 130 милиони евра со 650 вработени, Кенет електроник инвестиција од 30 милиони со 250 моментални вработени, а се планира нивниот број да дојде до 500… Економскиот тим продолжува со својата работа, уште поангажирано и попосветено за да привлече уште пореномирани и светски познати странски компании да дојдат во Македонија и на тој начин дополнително да придонесеме за намалување на невработеноста и економскиот развој на земјата, рече Пешевски.
Како Влада, додаде, значајна поддршка во изминативе години им дадовме на земјоделците кои претходно беа буквално запоставена група, а спроведовме и мерки за рурален развој.
– Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за периодот од 2006 до 2016 година намени вкупно една милијарда и 55 милиони евра за македонските земјоделци. Започнавме со 20 милиони евра субвенции во 2006 година, во 2010 субвенциите достигнаа 100 милиони евра, а во 2015 година 140 милиони евра или седумпати повеќе во споредба со 2006 година. Субвенции во котнинуитет беа обезбедени за најважните земјоделски култури – тутунот, полјоделските култури, лозовите и овошните насади, градинарските култури, производството на млеко, овчарството и сточарството, говедраството, свињарството и пчеларството. Со дополнителни мерки во овој период се поддржаа и градинарите, производителите на ориз, земјоделците кои претрпеа штети од поплави, како и винариите, односно секторите што беа погодени со неповолните временски или пазарни околности, рече Пешевски.
Нагласи дека преку Програмата за рурален развој, земјоделците имаа можност да ја обноват старата механизација, тракторите, шталите и да воведат системи за наводнување „капка по капка“ со дури половина на трошоците покриени од државата.
– Во периодот од 2008 до 2015 година набавени се 2.064 нови трактори 7.682 парчиња друга земјоделска механизација, инсталирани 85 системи за наводнување „капка по капка“ кои ги искористија 68 земјоделци во висина од 355 илјади евра, истакна Пешевски.
Како резултат на континуираните субвенции и другите политики за земјоделците, истакна тој, извозот на земјоделските производи во 2014 ја помина границата од половина милијарда евра и беа извезени земјоделски производи во количина од 626 милиони килограми.
Додаде дека Владата обезбеди директна финансиска поддршка за земјоделците преку кредитната линија – Земјоделски кредитен дисконтен фонд преку која се одобрени вкупно 6.028 кредити во износ од 77,9 милиони евра.
– Поради големиот итерес за користење на оваа кредитна линија во тек се активности за обезбедување дополнителни поволни средства за земјоделците преку дополнување со средства од меѓународни финансиски институции. Овозможено е и директно кредитирање на земјоделството и преработувчаката индустрија преку МБПР која во 2012 година беше докапитализирана за 10,7 милиони евра и отпочна со директна кредитна поддршка на земјоделството со максимален износ на кредит до 300 илјади евра, рок на отплата на 1,5 година за обртни средства со вклучени 3 месеци грејс период и до 5 години за инвестиции со вклучени до една година грејс период и фиксна годишна каматна стапка од два проценти, рече Пешевски.
Потенцира дека до крајот на 2015 година од оваа кредитна линија се одобрени 135 кредити во износ од 31,75 милиони евра, а преку ИПАРД Програмата се финансирани 452 проекти со вкупна сума на државна поддршка од 6.405.979 евра.
– Дополнително од ИПАРД средствата се поддржани 45 млади земјоделци со повисока поддршка на кофинансирање од државата од 55 отсто. Овозможена е и поддршка за приватниот сектор за реализација на инвестициски проекти и преку ИПАРД Програмата се финансирани 283 проекти во вредност од 4,6 милиони евра за инвестициски проекти во примарното земјоделско производство. Меѓу нив се и 256 проекти за набавка на трактори и модерна земјоделска механизација со државна поддршка од 4 милиони евра, рече Пешевски.
Финансиска поддршка преку ИПАРД, нагласи е овозможена и за преработувачката индустрија преку 20 проекти во вредност од 2,8 милиони евра меѓу кои се девет проекти за модернизација на преработувачки капацитети за овошје и зеленчук со вкупна финансиска поддршка од 1,675 милиони евра, 8 проекти за модернизација на млекарници со поддршка од 321 илјади евра, три проекти за модернизација на откупни центри за овошје и зеленчук со поддршка 449 илјади евра, …
Најави дека и понатаму ќе продолжат поволностите за земјоделците и потенцира дека месечните придонеси за осигурување на земјоделците се намалени од 6.500 денари на 4.000 денари за регистрираните земјоделци и на само 1.500 денари за земјоделците осигурени во Фондот за ПИОМ.
– Персоналниот данок за регистрираните земјдоелци не се плаќа за приходи од земјоделска дејност до 300 илјади денари, додека за приходи до 1,3 милиони денари изнесува само 2 проценти. Во 2012 година започна со реализација и мерката за поддршка за започнување земјоделски бизнис на млади земјоделци со обезбедување финансиски стимулации за реализација на бизнис проект во висина од 10 илјади евра. Досега се склучени договори за финансиска поддршка на 168 млади земјоделци во вкупна вредност од 1,47 милиони евра, рече Пешевски.
Промени, како што кажа, има и во земјишната политика и државното земјоделско земјиште е распределено на вистинските земјоделци.
– Во периодот од 2006 до 2015 година МЗШВ има објавено 70 јавни огласи и 31 јавен повик за доделување на земјоделско земјиште за закуп на целата територија на земјава при што се доделени вкупно 62 илјади хектари земјоделско земјиште во државна сопственост и се склучени 8.692 договори за закуп, прецизира Пешевски и додаде дека до 2006 година земјоделското земјиште било распределувано на нетранспарентен начин и биле склучени само 411 договори за закуп.
Продолжуваме ,истакна, со политиката за распределба на земјоделското земјиште на вистинските земјоделци и годинава ќе се објават огласи за давање на најмалку нови пет илјади хектари земјоделско државно земјиште под закуп.
– Нашата цел е обработливата земја да дојде во рацете на вистинските земјоделци кои ќе обезбедуваат егзистенција со обработување на земјиштето, рече Пешевски и додаде дека успешно е регулирано и користењето на државното земјоделско земјиште без договори особено во Тиквешијата каде тоа беше децениски проблем. Склучени се договори со 1.560 земјоделци за 3.706 хектари државно земјиште кои претходно го користеа со изминат договор или на друг регулиран начин.
Вицепремиерот додадедека државата инвестира во руралниот развој во насока на подобрување на квалитетот на животот во руралните средини, а ваквите инвестиции во македонското село ќе бидат приоритетни и ќе продолжат да се зголемуваат.
– Со програмите за финансиска поддршка за руралниот развој поддржани се или се во фаза на поддржување вкупно 447 проекти со цел подобрување на квалитетот на животот со вкупна финансиска поддршка од 65 милиони евра. Со тоа се изградени стотици улички и атмосферска канализација во руралните средини, стотици километри водоводна и канализациска мрежа, изградени се десетици мостови, уредени се плоштади и паркови…. Земјоделството било и ќе биде наш фокус. Ќе ги помагаме земјоделците како и досега, ќе ги стимулираме со субвенции ,ќе помагаме во набавка на опрема и механизација, ќе доделуваме државно земјиште на вистинските земјоделци и ќе го помагаме развојот на селата и руралните средини, нагласи Пешевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст