| четврток, 6 декември 2018 |

Светски ден на театарот: МНТ игра за СОС Детското село

По повод Светскиот ден на театарот – 27. март во Македонскиот народен театар ќе се одржи работилница посветена на децата од СОС Детско село со почеток во 11 часот. За нив ќе се одигра и претставата „Палавковци“ на малата сцена во 12 часот. Работилницата и претставата се од затворен карактер.

1934553_1131195106914249_3424269423690719668_n

Програмата продолжува во 14 часот со втората изведба на претставата „Викај ги среќа“, а цената на билетот за истата изнесува 150 денари.

На 30. март во 20 часот, исто така по повод Светскиот ден на театарот, ќе се одигра претставата „Разговори во четири очи“ во режија на Нина Николиќ, во чест на децата од СОС Детско село Македонија, а приходите од претставата ќе бидат донација за нивното посреќно детство.

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата на МНТ, по цена од 300 денари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top