| четврток, 6 декември 2018 |

За седум дена брчките исчезнуваат: домашна крема од четири состојки (рецепт)

Брчките се неизбежна појава кај секој човек. Жените обично користат помади за да го спречат нивното настанување, но ниту најскапите помади не грантираат целосно отстранување на брчките.

bore-1458819480-83812

Меѓутоа, постои  помада која  можете да ја направите дома, а која ја хидрира кожата, ги намалува брчките и го забавува стрењето на кожата. Нејзината предност е тоа што состојките се потполно природни и безбедни, а може да се користи за било кој тип на кожата.

Резултатите се видливи за една недела, а жените кои ја користат оваа помада велат дека се воодушевени од нејзините ефекти.

Состојки: 1 лажица бадемово или маслиново масло,1 жолчка, 1 лажица мед и 2 лажички вазелин.

Подготовка: Растопете го вазелинот со помош на водена пареа. Тој процес ќе потрае неколку минути. Потоа во него додадете ги останатите состојки. Состојките  добро измешајте  ги додека не добиете хомогена смеса. Вашата помада е готова!

Можете да ја чувате во кутија од некоја стара помада.

bore-oko-ociju-1458819031-83810

Откако ќе ја намачкате кожата на лицето, по 30 минути можете да го избришете лицето со влажно марамче.

Напомена: Потребно е повеќе од еден час кремата да се впие во кожата, па се препорачува да ја намачкате на лицето два часа пред спиење. Помадата чувајте ја во фрижидер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top