| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава против градоначалникот на Чешиново–Облешево

ПС Кочани поднесе кривична пријава против Б.Т. (35) од Кочани, в.д. директор во ОУ„Страшо Пинџур“ и Т.С. (54), наставник во истото училиште, како и против К.Л. (38), градоначалник на општина Чешиново – Облешево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Првопријавениот, во својство на службено лице, на секретарката на училиштето и дал потврда од Основен суд Кочани дека против него нема правосилна судска пресуда за изречена мерка на безбедност-забрана за вршење професија, наредувајќи и да го вметне документот во претходно приложената документација од негова страна, за објавениот јавен оглас за избор на директор на училиштето, иако рокот за поднесување на документација по огласот бил изминат.

Второпријавената, како наставник и претседател на Комисија за разгледување на документи по огласот за избор на директор на 01.02.2016 година, при увид во документацијата на пријавени кандидати, иако знаела дека потврдата е поднесена по истекот на рокот за поднесување на документи кој траел до 27.01.2016 година, наместо да констатира некомплетност  на документација, истата како таква ја зела во предвид. Врз основа на тоа дала предлог до третопријавениот градоначалник на општината, за избор на директор.

Третопријавениот во својство на градоначалник на општина Чешиново – Облешево, иако знаел дека првопријавениот по истекот на јавниот оглас ја доставил потврдата, донел одлука и решение за избор и именување за директор на ОУ„Страшо Пинџур“ во с.Соколарци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top