Триесет и четиригодишен жител на струшкото село Мислешево бил нападнат од две кучиња од расата питбул, сопственост на жител од истото село.
СВР Охрид соопшти дека полициската станица од Струга поднела барање за поведување прекршочна постапка за В.Ч. (37) од Мислешево, поради постоење основи на сомнение дека без заштитни маски и надзор невнимателно држел кучиња и други опасни животни, кои можат друг да преплашат, нападнат или да повредат.
– На 20 март годинава, две кучиња од расата питбул, сопственост на пријавениот, го нападнале и сериозно го повредиле А.Ф. (34) од селото Мислешево. Настанот се случил во 17 часот и 30 минути на улицата „Едвард Кардељ“ во селото. Кучињата питбул биле без заштитна маска, а нивниот сопственик В.Ч. ги чувал крајно невнимателно, без заштитна маска и без неопходен надзор, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Тој појасни дека А.Ф. движејќи се по улицата, одеднаш бил нападнат од двете кучиња кои со видлива агресивност се нафрлиле врз него. Кучињата го каснале во пределот на стомакот и му нанеле сериозни повреди по телото. Повредениот и исплашен А.Ф. веднаш бил префрлен во Општата болница во Струга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст