Овен
Без никакви сомнежи оваа пролет ќе бидете полни со енергија и ентузијазам. Најповолниот период ќе трае до 18-ти април, кога ќе бидете витални, силни, ќе имате доволно елан за нови деловни почетоци, а најмногу од сè од рака ќе ви одат соработките со поединци во странство. Од 18-ти април би можело полека да ви се активираат некои проблеми од минатото, па тој период не е поволен за било какви ризици. Бидете внимателни на секој чекор. Во љубовта исто така после 18-ти може да се вратите на стари проблеми, а решенијата ќе ви делуваат како невозможен поим. Сепак, со помош на својата внатрешна сила ќе го надминете кризниот период. Не се предавајте на депресијата и апатијата. Бидете физички активни кога сте нерасположени, движете се, шетајте и бидете во друштво на пријатели.
Бик
Во текот на оваа пролет ќе бидете максимално насочени кон љубовните случувања и стекнувањето на нови познанства, ширењето на кругот на пријатели, излегувања, дружења… Може да очекувате позитивна атмосфера и во поголемиот дел од пролетта ќе бидете во добро расположение. Амбициите ќе ги исполните во текот на април, кога ќе бидете нешто поагресивни и поангажирани на работен план. Ќе имате желба да водите, да се докажете и да останете на врвот. Месец мај пак, ќе ви донесе нова љубов. За сите слободни Бикови мај е поволен период за нови врски кои ќе прераснат во стабилни партнерства. Ако веќе имате партнер – ќе успеете да го подобрите односот и љубовта да процвета. Оваа пролет ќе се чувствувате добро во своја кожа и ќе ширите позитивна енергија каде и да се појавите.
Близнаци
За вас поволниот период трае до 29-ти април. Сепак, не може да се каже дека сè ќе ви оди лесно оваа пролет, дури и кога положбата на планетите ви е наклонета. Можно е повремено да чувствувате недостиг на енергија. До 29-ти април паметно е да се посветите на работата, да бидете активни и посветени на тимската работа, како и на сите прилики да дојдете до подобрување на финансиите. од 29-ти април до 23-ти мај ве очекува негативен период кога не треба да планирате патувања или почетоци на важни обврски. На љубовен план подобро ќе се снајдат слободните Близнаци затоа што ќе имаат шанси за флерт на секој чекор. Ако сте во врска или брак – партнерот ќе сака да ви наметне нови правила и одговорности кои нема да му одговараат на вашиот разигран и слободен дух.
Рак
Може да очекувате мирна, весела и прекрасна пролет без многу стрес и гужви. Евентуално во текот на април може да бидете во гужви и нервози, па затоа во овој период најдобро е да се посветите на деловните можности за напредок и да ја подобрите комуникацијата со надредените. Од мај веќе влегувате во мирна фаза во која сте стабилни и на свој терен. Љубовта ќе ви се појави – во тоа нема сомнежи. Очекувајте познанство со личност која ќе биде прилично упорна во своите намери да ве освои. Како и секогаш, до последен момент нема да покажете дали сте заинтересирани или не, но кога ќе дојде до врска, ќе се топите во љубовната атмосфера. Родените во третата декада од овој знак сепак би требало да внимаваат, посебно кога се работи за безбедноста во сообраќајот и здравствените проблеми.
Лав
Вие сте знак кој веројатно оваа пролет ќе има најмалку компликации и проблеми. Ќе имате доволно енергија, оптимизам и поддршка, па може да бидете максимално активни на сите полиња. Ве очекува бурен љубовен период затоа што ќе бидете привлечни за спротивниот пол. Ќе освојувате каде и да се појавите, исклучиво на база на страста и физичката привлечност со која зрачите. Затоа, ќе освојувате исклучиво партнери за површни врски. На работен план ќе биде онака како што планиравте, со тоа што нема да имате многу време за одмор. Не спиете доволно, но не губите многу. Оваа пролет е идеален период да го обликувате своето тело и да ослабете некој килограм. Поволниот период ќе ви трае до 29-ти мај, искористете го паметно.
Девица
Големи се шансите оваа пролет да не знаете каде се наоѓате, во секоја смисла. Можно е обврските да ве притиснат од сите страни и да немате доволно време за себе. Гледањето на филмови и излежувањето низ дома ќе бидат мисловни именки. На работа ќе бидете максимално активни, па таман кога ќе ги завршите обврските, ви пристигнуваат нови. Многу Девици ќе работат без слободен ден или тој слободен ден ќе го поминат во решавање проблеми, ако не деловни – тогаш семејни. Имате впечаток дека ништо не е под контрола, а тоа никако не ви одговара. Пролетта ќе си поминува, а вие ќе имате впечаток дека ниту еден ден не сте им посветиле на саканите. Забавете малку во периодот од 29-ти април до 23-ти мај.
Вага
Највозбудливите случувања на љубовен план ви доаѓаат токму во месец април. Во тој период конечно ќе излезете од зимскиот сон, па ќе бидете во потрага по партнерство, љубов и хармонија. Самотијата не терен на кој добро ќе се снајдете, па затоа од април зграпчете ја приликата за врска и не ја пуштајте. Ќе најдете партнер или партнерка која совршено одговара на вашите физички идеали и не треба да се двоумите дали да го направите првиот чекор. Покрај динамичните и доминантни личности конечно ќе си ги вратите насмевката, страста и еланот. Минатото оставете го и не кревајте ако ве бараат лицата кои сте ги оставиле. На работното место сè ќе ви оди под рака, иако покрај љубовните успеси, работните нема да ви бидат приоритет.
Скорпија
Нема сомневање дека сакате да верувате во љубов, но оваа пролет ќе ви се докажува спротивното. Секое утро и секоја ноќ се заспивате мислејќи на пари. Сè друго ќе оставите на страна и ќе смислувате нови начини да дојдете до заработка. Не може да се каже дека ќе се збогатите преку ноќ, но дефинитивно ќе ја подобрите финансиската состојба. Работете напорно, никој ништо нема да ви подари. Колку и да заработувате ќе сакате повеќе, па ќе ги поместите сопствените граници. Доколку сте во брак или врска, партнерот ќе се обиде повторно да ве освои во текот на месец мај. Затоа, колку и да заработувате, парите не може да ви го загреат креветот. Не ги игнорирајте емоциите и внимавајте на приоритетите.
Стрелец
Оваа пролет ќе бидете оптоварени со одговорности и ограничувања. Внимавајте на своето здравје. Во еден момент ќе ви изгледа дека имате доволно сила за сè, а веќе во следниот ќе се чувствувате префорсирано и ќе се препуштите на обичната настинка. Пред да правите било што, зајакнете го својот имунитет. Не дозволувајте заради работа и стрес да си го запуштите телото, здравјето нема цена. Во текот на оваа пролет многу Стрелци ќе имаат шанса да пораснат и да станат посериозни, во спротивно бегањето од обврските и одговорностите може да ви донесат штетни последици. Во љубовта немате многу трпение и нежност, фокусирани сте на своите потреби, па ситуацијата нема да биде најидеална. Нешто полесна љубовна ситуација доаѓа со самиот крај на пролетта.
Јарец
Оваа пролет ќе се движите нанапред, но не многу брзо. Не може да се каже дека времето ви влијае позитивно на ентузијазмот, но во секој случај сонцето ќе ви влијае позитивно. Држете се до плановите кои ги имате зацртано. Не дозволувајте било кој да ве убеди во некои лажни вредности и да ви ветува големи работи и лесни пари – по свое искуство би требало да знаете каква завршница имаат овие ветувања. Мај ќе биде поволен за преговори, но ништо не потпишувајте до 23-ти мај. Во љубовта ве очекуваат позитивни искуства, посебно со личности од блиска околина – работното место или соседството. Ќе ви се вратат некои прекрасни емоции кои сте ги заборавиле. Не ви се брза, па затоа дајте си време и трпение да уживате во флертот и запознавањето.
Водолија
Нема да имате многу турбулентни случувања и драстични промени во текот на оваа пролет. Имате прилично стабилни очекувања во главата, фокусирани сте на своите цели во работата и покрај тоа наоѓате доволно време за дружби, излегување и привлекување на вниманието. Добро ќе се чувствувате при склопувањето на нови познанства или обновувањето на стари пријателства. Може да се каже дека конечно се враќате во елемент и нервозата која ја чувствувавте во текот на зимата полека исчезнува. Вашиот вечен оптимизам се враќа. Ако сте во брак очекувајте убави случувања во кругот на домот и семејството во текот на месец мај. Искористете го периодот до 29-ти мај, затоа што потоа може да ви се вратат некои проблеми од минатото.
Риби
Вие сте вечен сонувач и оптимист кој со убавото време гледа нови, убави прилики да започне нови поглавја. Имате големи планови за иднината, но сепак, оваа пролет не би било лошо да се спуштите на земја. Оваа пролетна фаза не ви е поволна за работа. Можете да очекувате доста притисок, што од страна на надредените, што од самите себе, затоа што ќе им робувате на големите амбиции, наместо тие да ви послужат за успех. Тешко ќе се опуштате и ќе наоѓате време за мирување. Љубовта ја оставивте некаде зад себе. Не е дека немате прилики за флерт, само не сте доволно мотивирани. Оваа пролет ќе бидете во потрага по некој добар и цврст партнер, наместо по емотивен. Попатните авантури се возможни, но нема да дозволите да ви одземат премногу време и енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.