
Откако вчера целосно се отвори и го покажа своето вистинско, специјално лице, обвинителката Катица Јанева денеска се доотвори и во ексклузивна изјава за своите медиуми го надополни своето казание:
-„Значи. Не само Претседателот, Собранието и судот. Вчера, во наплив на творечкиот занес и понесена од прекрасното чувство што ми го овозможи признанието, јас сфатив дека морам да бидам искрена со вас. Јас, у ствари, не ја признавам Македонија. Ни како држава, ама ни името не и го признавам. Башка, вие не сте Македонци. И точка! Јас и СЈО сфативме! Вчера со Фатиме, Гаврил до неа нормално, и Ленче размислувавме многу и одлучивме дека ни јазикот не ви го признаваме“ – изјави Катица и се расплака од среќа.
Длабоко потресени од искреноста на специјалната госпожа, професионалците ја навасаа со дузина марамчиња за нос, но таа течеше ли течеше. По 15 минути се потсмири, гордо исправи и умилно им запреде:
-„Питајте.. Прашајте де, што сакате, мили мои пријатели на лидерот, не ко оние барабите провладини ли шо ли се, шо не ме поштуват мене и мојта појава најгулема…“ цвркуташе мешајќи напати и гевгелиски разнежнета Катица.
-„Како, како да се викаме преподобна обвинителке што толку голем ќеиф ни правите и нишо не признавате? Како, ве молиме и нозе ви бацуваме, а бааги се гломазни и големи за да сите си маме каде да бацкаме. Како, аман кажете, аман?“ – загугуткаа од „Минус инфо“, „А1, оф!“ „Селма“, „24 паравести“ и другите соблазенти од појавата на Катица медиуми.
-„Мислеф, мислеф и ми текна. Ќе се викате СЈО. И точка. Па и онака, тоа е единствена права институција во државава, шо не е ни држава нели. Па ајде да се викаме СЈО. СМОКВАРСКО-ЈАНЕВА ОБЛАСТ. Саглам, нели, а? И онака само ние сме тука, јако, а?“ – извика Катица преполна со себе , и видно растреперена пак заплака.
-„Ваууууу, јако, невидено, свака част божице!“ – извикаа во еден глас професионалците и прашаа:
-„ А нацијата и јазикот, како тие ќе се именуваат специјална смокварке наша? Смоквари или Јаневци ќе бидеме во Обединети Нации?“
-„Јок. Смокварка врховна, една и единствена сум само јас и така ќе биде. Ко шо кажав и вчера, планирам уште многу да се богатам, ама како врховно божество. У Јаневци не смеам да ве пуштам, ќе барате наследство после од имањето ми. Останете си ФИРОМЦИ, и така никој не знае што е тоа. А, за јазикот ќе размислиме со Фатиме и Ленче. Ќе соопштиме на Facebook страницата на СЈО утре“ – им свика насмејана до уши Катица и тргна. Застана и се врати, па уште поозарена викна:
„Е, да не заборавам – ни Црквата не ви ја признавам. Чаос, отидов да се спремам за свадба, а после ќе постам за да симнам барем едно 80 кила. Ех!“
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


