
Пратеникот Илија Димовски смета дека одбивањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да се појави во Собрание е прв случај кога толку висок функционер не се појавува и не дава отчетност.
-До сега во Собранието и Прчевски и Шврговски и Зврлевски биле заедно повеќе од 30 пати на пленарна седница и дискутирале со пратениците и одговарале на пратенички прашања. Ова е прв случај кога толку висок функционер, избран во постапка во која што поминал и низ Собрание, одбива да дојде во Собрание… Не гледам прчина зошто Јанева не сака да дојде и да разговара. Од што бега, од транспарентност?, праша Димовски, кој беше гостин во дебатната емисија Топ тема на Телма телевизија.
Едно од прашањата кое би и` го поставил Димовски на Јанева би било- кој ја донел одлуката за полициско приведување на единствениот македонски градоначалник во Албанија Едмонд Темелко, дали СЈО или СДСМ. Ова, вели Димовски, е легитимно прашање и сакам да добијам одговор.
-Јанева има законска заштита да не зборува за тоа за што мисли дека ќе ја наруши истрагата и ние нема да прашуваме за тоа, не сакаме да ја нарушиме истрагата, туку сакаме да дискутираме за нешто што веќе се случило и да има отчетност.
Според Димовски, Парламентот е највисок државен орган и сите треба да одговараат, вклучувајќи ја и Јанева
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар
-
Илија Димовски: Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член (видео)
-
Со зборови на СДСМ, дури кога режимот бил пуштен на најјако, вака не било
-
Изборот на составот на ДИК и референдумот неизвесни?


