| четврток, 6 декември 2018 |

Природни лекови за циститис

Воспалението на мочниот меур (цистит) е многу често заболување. Од него подеднакво заболуваат и мажите и жените. Околу 85% од сите инфекции на уринарниот тракт се предизвикани од бактеријата Echerichia coli, која нормално се наоѓа во цревата.
Воспалението на мочниот меур често е проследено со ургентен нагон за мокрење, печење и болка при мокрењето и со лажни нагони за мокрење. Урината честопати има јак и непријатен мирис, а може да биде и заматена. Циститот е сериозно заболување, кое доколку не се лекува, може да предизвика воспаление на бубрезите и да доведе до оштетување на нивната функција.

Затоа, при постоење на симптоми и знаци на цистит, најдобро е веднаш да се јавите на лекар.

Како природни лекови кои можат многу да помогнат во лекувањето на циститот ќе ги спомнеме следниве:

Брусницата ја „чисти“ бактеријата

Брусницата е еден од најдобрите природни лекови за инфекциите на мочниот меур и мочните патишта. Брусницата е билка, чии плодови се природен антибиотик. Плодовите од брусницата се богати со различни заштитни материи, содржат минерали како калиум и други, содржат витамини: А и Ц, како и растителни влакна. Црвените тврди топчести плодови имаат киселкаст вкус, кој произлегува од големата количина на витамин Ц, која ја содржат во себе.

Брусницата веќе долго време е позната како лековита билка. Од нејзините листови и плодови се прават лековити чаеви. Сокот и чајот од брусница го спречува развој на бактериите и нивно таложење на sидовите на мочниот меур.

brusnica145-2

Како делува брусницата?

Најчестата и најтврдокорна бактерија на уринарниот тракт, E. colli, се лепи за sидовите на уринарниот систем. Но, сокот од брусницата, на некој начин, го спречува тоа лепење на опасните бактерии за еднотелот на уринарниот тракт, така да бактериите полесно се исфрлаат со мочката.

Кога бактериите ќе навлезат во мочниот меур, тие се „закачуваат“ за слузницата и така доведуваат до воспаление. Пигментите од брусницата го спречуваат задржувањето на бактериите во мочниот меур. Ако при тоа се внесуваат и доволно течности, бактериите брзо се исфрлаат со мочката. Течностите го „плакнат“ мочниот меур. Доколку сокот од брусницата е многу кисел, може да се заслади со малку мед. Треба да се пие 100мл сок од брузница дневно.

Новите истражувања покажуваат дека некои состојки од брусницата делуваат и врз една друга честа и опасна бактерија, а тоа е Helicobacter Pylori, која во наголем процент е причина за чир во желудникот.

Брезата ги ублажува болките

Листовите од брезата се еден од најдобрите билни лекови за лечење на инфекциите на мочните патишта. Чајот од листовите на бреза е природен диуретик и го зголемува излачувањето на мочката дури за 5 – 6 пати повеќе. Затоа, брезовиот чај се препорачува при воспаление на мочниот меур и мочните патишта, како и за исфрлање на вишокот на течности од организмот, кај пациенти со срцеви и бубрежни заболувања, кај кои постојат и видливи отоци.

Чајот од бреза се препорачува и за растварање на бубрежните каменчиња и нивно безболно исфрлање.

Брезовиот чај им се препорачува и на лицата со шеќерна болест во почетен стадиум. Треба да се пијат 2-3 шољички, незасладен и во мали голтки.

sibirska-borovinka-126-4

Боровинката ефикасна како брусницата
Боровинките се богати со антиоксиданси. Тие го чистат организмот од штетните слободни радикали, ја поттикнуваат работата на бубрезите, помагаат при воспаленија на мочниот меур и мочните патишта, како и при други воспалителни процеси во организмот. Боровницата е ефикасна како и брусницата во лекувањето на циститот.

Чај од листови на боровинка

Во еден литар врела вода ставите една шака суви или свежи листови од боровинка и оставете го да одстои 10 минути. Се пијат 3 до 4 шољички дневно.

Слезот го јакне мочниот меур

Чајот од коренот на белиот слез го спречува развојот на бактериите, го чисти и јакне мочниот меур.

Јачменот ги јакне бубрезите

Чајот од јачмен е многу користен затоа што ја зајакнува функцијата на бурезите (ставете 1/2 шоља јачмен на 1,5 литри вода, кога ќе зоврие на ниска температура оставете да вари уште 15 минути).

magdonos_221010

Магдоносот и целерот се природни чистачи на телото

Магдоносот и целерот се јаки природни диуретици. Тие го зголемуваат излачувањето на вишокот течности од организмот. Го поттикнувааат излачувањето на урината и помагаат при задржувањето на вишокот течности во организмот. Тие се извонредни природни диуретци и често им се препорачуваат на лицата кои имаат отоци. Бидејќи ја подобруваат работата на бубрезите, магдоносот и целерот се природни „чистачи“ на организмот и помагаат во исфрлањето на бактериите и отровите од мочниот меур и воопшто од организмот.

Купки од камилица против болки

Покрај тоа, при циститот може да ви помогнат и купките од камилица.

Два пати дневно по 20 минути седете во купки од камилица кои ги намалуваат болките.

Пијте многу течности

Кај вакви инфекции добро е да се пие 2 – 3 литри течност дневно.

Секако, ова се само природни лекови за спречување и лекување на благите форми на цистит. Најдобро е сепак, доколку имате симптоми на цистит, да се јавите кај својот лекар и да се посоветувате со него за терапијата, па и за користењето на овие билки во тераписки цели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top