Аеродромот во Ростов на Дон е евакуиран поради тоа што во него бил откриен сомнителен предмет.
На овој аеродром само пред неколку часа падна авион „Боинг 737-800“ на компанијата „Флај Дубаи“ во кој загинаа 62 лица.
Како што наведуваат руските медиуми, во тек е потполна евакуација на аеродромот од кој излегуваат патници и вработени.
– На аеродромот е најден сомнителен предмет и патниците излегуваат надвор – изјавиле од безбедносните служби.
Прекинато е и слетување на авионите на аеродромот.
Покрај тоа, во тек е и евакуација на три железнички станици во Ростов на Дон, поради анонимна пријава дека има подметнато бомба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.