Гувернерот на Њујорк Ендру Комо соопшти во петокот дека зградата на Светскиот трговски центар ќе биде обоена во боите на белгиското знаме во знак на поддршка по терористичките напади во Брисел.
Но, тоа не се случи.
На фотографиите објавени на твитер и бројните видео снимки може да се види дека некој направил голема грешка. Наместо црвена, црна и жолта, се појавиле сина, бела и црвена боја. Така наместо белгиското, се појавиле боите на француското знаме.
Претставниците на Светскиот трговски центар не биле достапни за коментар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.