| четврток, 6 декември 2018 |

Среќа или проклетство-Ова момче го преживеа и третиот терористички напад

мејсон2

Семејството на 19 годишниот Мејсон Велс било вчудоневидено кога ја примило веста дека тој е повреден во терористичкиот напад во Брисел.

Неговите родители Чед и Кимберли откриле дека Мејсон е во стабилна состојба. Она што е најинтересно е дека ова е трет терористички напад кој момчето, инаку американски мормон, го преживеал.

Минатата година бил во Париз за време на масакрот, а во 2013 година бил на стотина метра одалечен од бомбата која однесе три живота на маратонот во Бостон.

-Ова е трет терористички напад кој го преживеа. Ова е трет пат да се најде во близина на бомба – рекол таткото на Мејсон. Тој заедно со синот бил на едвај стотина метри од линијата за финиш на бостонскиот маратон 2013 година, на која во рок од неколку секунди експлодираа две бомби.

Неодамна со уште тројца мормони се упатил во Брисел на мисионерски поход и никому не било ни на крај на памет дека повторно ќе преживува вистинска драма. Тој се нашол на местото на кое бомбашот самоубиец се разнел, но завршил со изгореници и повреди од шрапнел.

Оперирана му е ахиловата тетива и има изгореници од втор и трет степен по лицето и раката, но не е животно загрозен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top