| четврток, 6 декември 2018 |

Мартина е првата идентификувана жртва од нападите во Брисел

Перуанката Аделма Мартина Тапиа Руиз е првата идентификувана жртва на бомбашкиот напад на аеродромот во Брисел, соопшти Министерството за надворешни работи на Перу.

Руиз (37) која живеела во Брисел, била на аеродром со својот сопруг Кристоф Делкамбе, кој е Белгиец и ќерките близначки кои имаат четири години, изјави братот на жртвата Фернандо Парија, пренесе агенцијата АП.

Тој додаде дека неговата сестра планирала пат за Њујорк, каде што требала да ја посети мајка си.

-Не е едноставно да се опише болката која ја чувстуваме. Најлошо е што не може да бидеме со неа – напиша нејзиниот брат.

Едно од девојчињата поминало без повреди, а другото девојче и нејзниот сопруг се повредени.

Аделма била готвачка, а студирала маркетинг. Сакала во Брисел да отвори перуански ресторан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top