– Стоевме во ред да се качиме на авион. Оддекна силна експлозија. Документите ми паднаа од раце и луѓето околу легнаа на под. Се свртев и видов пожар и уште многу помали пожари околу мене. Тешко повредени луѓе беа околу мене – изјави за британски „Телеграф“ Павел Охал, кој денес со сопругата и двегодишното дете требал да полета од аеродромот во Брисел каде што утрово беше извршен терористички напад.
Зак Монзун десетина минути пред првата експолозија слетал на аеродромот „Завентем“. За француската телевизија изјави дека втората, силна експолозија ги уништила водоводните цевки така што водата и крвата од жртвите се мешеа меѓусебе.
– Беше грозно. Насекаде имаше крв, се сруши кровот, насекаде имаше крв, повредени луѓе, куфери. Сево ова ме потсеќа на некоја сцена од војна – изјави Монзун.
Според последните информации во терористичкиот напад во Брисел загинаа најмалку 34 лица, а 80 се повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст