| четврток, 6 декември 2018 |

Млад кичевец загина во тешка сообраќајка, совозачот на Ургентен

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што синоќа, во 22 часот и 20 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на населбата Горица. Од здобиените повреди на местото починал Аднан А.(26) од Кичево, а А.Л. (26) од Кичево се здобил со тешки телесни повреди. Тој итно е префрлен во Општата болница во Кичево, а потоа испратен во Ургентниот центар –Скопје.

Сообраќајната несреќа се случила кога, сега починатиот, по магистралниот пат во правец Охрид-Кичево, управувал патничко моторно возило „опел вектра“ со кичевски регистарски таблици. Тој почнал да го престигнува патничко возило „волсфаген пасат“, по што изгубил контрола, преминал на левата страна од патот и излегол надвор од коловозот. Во следниот момент, возилото се извртело и со бочниот десен дел удрило во рекламното пано и повторно се извртело. Возачот и сопатникот А.Л. испаднале од возилото, кое потоа со задниот лев дел удрило во патничко возило „поло“, кое било паркирано во кругот на блиската бензиска пумпа.

– На местото на сообраќајната несреќа извршен е увид во присуство на јавен обвинител и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево. По наредба на јавниот обвинител, патничкото возило „опел вектра“ е подигнато за понатамошен технички преглед, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top