| четврток, 6 декември 2018 |

Заштитени сведоци ќе дадат исказ за Диво Насеље

Судскиот процес за Диво Насеље продолжува денеска во Основниот суд Скопје 1 со сослушување на заштитетни сведоци.

Од Судот информираат дека денешното рочиште ќе биде затворено за јавноста.  Заштитните сведоци ќе дадат искази на предлог на Јавното обвинителство.

Во случајот Диво Насеље се обвинети вкупно 29 лица за тероризам и терористичко организирање за случувањата од 9 и од 10 мај во Кумановско. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top