| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 10 лица загинаа во метро-станицата Малбек (ВИДЕО)

Најмалку 10 лица загинаа во експлозија во метро-станицата Малбек во Брисел, соопшти локалната полиција. Експлозијата се случи помалку од еден час по смртоносниот бомбашки напад на аеродромот, при што загинаа најмалку 17 лица.

Многу чад се гледа како излегува од метро-станица во белгискиот главен град. Бриселските власти за транспорт изјавија дека сите метро-станици во градот се затворени, пренесува „Ројтерс“.

Неколку минути по експлозијата во Малбек, втора експлозија се случила во близина на метро-станицата Шуман. Сликите на социјалните медиуми покажуваат дека патници се евакуирани од внатрешноста на метрото и се движат по пругата.

Метро-станицата Малбек, исто така, се наоѓа во близина на голем број важни објекти на ЕУ, како зградата Берлемон во која се наоѓаат Европската комисија и Советот на Европската унија.

56f10870c46188a6138b45c1

Белгиските власти го крена нивото на закана од тероризам на највисоко ниво по експлозиите во аеродромот Завентем и метро-станицата Малбек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top