| четврток, 6 декември 2018 |

Нудат награда од 2.400 долари за секој што ќе им доведе млад доктор во градот

Шведска има проблем да најде доктори заинтересирани да работат во градчето Солефтео, лоцирано на северот на земјата на околу 500 километи од Стокхолм.

Градот очајно има потреба од млади доктори, до толку пто на локалната веб-страница објави конкурс на кој се нудат 20.000 шведски круни (2.400 долари), за оној што ќе успее да доведе младо доктор подготвен да работи во нивната болница. Засега во здравствениот центар има седум доктори, но неопходно е да се доведат уште минимум двајца, специјалист за ортопедија и хирургија.

Градот наградата ја собрал преку акција од жителите на градот, па досега се собрани три пати повеќе пари од потребното, па остатокот од сретствата ќе бидат доделени за да се плати смештајот на новите доктори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top