Мариналеда е градче во Андалузија на југот на Шпанија кој на површина од 25 километри квадратни брои околу 2.700 жители. Жителите на Мариналеда не се плашат да ги изразат своите политички верувања, а по ова дефинитивно ќе им завидувате.
1.200 евра месечно е просечната плата која ја земаат жителите на Мариналеда. Доколку сакате да изнајмите стан под кирија за тоа месечно ќе треба да одвоите само 15 евра. Градоначалникот на ова градче вели дека воопшто нема потреба од полиција, бидејќи таму, воопшто нема криминал.
Целиот град на располагање има бесплатен интернет, а жителите можат бесплатно да ги користат двата фудбалски терени, игралиштата за тенис и кошарка како и оние за сквош и одбојка. Бесплатно е и користењето на базенот. Доколку некој жител реши да гради куќа, од градот добива архитект кој за него работи бесплатно, а не се плаќаат ниту работниците кои се задолжени за изградбата. Куќите не можат да се продадат со што се спречува можноста на тој начин да се профитира.
– Според шпанскиот закон, ние, според бројот на жители, би требалo да имам помеѓу четири и седум полицијаци. Но ние не ги сакаме овде. Бидејќи токму затоа што се се заснова на доброволна база, бидејќи сите задно се бориме и заедно ги кроиме нашите животи, постои многу висок степен на коегзистенција – објаснува градоначалникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст