На вториот ден од својата историска посета на Куба, американскиот претседател Барак Обама денеска во Палатата на револуцијата во Хавана се сретна со својот кубански колега Раул Кастро, пренесоа светските медиуми.
Ова е трета средба меѓу двајцата лидери од почетокот на зближувањето меѓу нивните земји, на крајот на 2014 година.
Пред почетокот на средбата Обама и Кастро се ракуваа и насмевнати се сликаа пред новинарските камери пред Палатата на револуцијата. Воен оркестар ги интонираше химната на Куба и химната на САД. Потоа двајцата лидери ја поздравија парадата на кубанската почесна гарда, пред да заминат на разговорите зад затворени врати.
Во американската делегација се наоѓаат државниот секретар Џон Кери, советникот за национална безбедност Сузан Рајс и други високо позиционирани лица.
Денешната официјалната церемонија е во спротивност со дискретното вчерашно пристигнување на Обама во Хавана, забележуваат британските медиуми. На аеродромот во кубанската престолнина Обама не беше пречекан ниту од Раул Кастро, ниту имаше воени почести, потсетуваат британските медиуми.
Обама е под силен притисок од критичарите во САД затоа што инсистира Владата на Кастро во Куба да одобри јавно изразување на несогласност од нејзините политички опоненти и уште повеќе да ја отвори нејзината државна економија од советски тип, пренесува Танјуг.
Барак Обама е првиот американски претседател кој ја посетува Куба по револуцијата на Фидел Кастро од 1959 година. Тој сака да ја искористи оваа своја посета за процесот на зближување меѓу двете земји да го направи незапирлив пред да ја напушти својата функција во јануари следната година.
И покрај дипломатското зближување, ембаргото врз Куба, наметнато од САД уште во 1962 година, останува во сила и очекуваните промени од страна на Вашингтон може да се забават, забележуваат француските медиуми.
Претходните средби меѓу Обама и Раул Кастро беа во април 2015 година на средбата на врвот на двете Америки во Панама и во септември минатата година на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Америка во шок: Обама за малку избегна атентат со пакет-експлозив
-
Амбасадорите на Обама во Македонија и во околните земји работат на поткопување на суверенитетот на државите
-
Кој е режисерот, сценаристот и актерите против процедурата, волјата на народот и суверенитетот на Република Македонија
-
Обама се враќа