Основната цел на Специјалното јавно обвинителство е да се направи една хајка која ќе се употреби во изборната кампања, вели во интервју за „Вечер“ лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
Како ќе заврши целава ситуација со прислушуваните разговори?
– Се тресеше гората – се роди глувче. Ова е лов на вештерки во една хаотична, противуставна и противзаконска наметната рамка. Се што се прави набрзина, се што се прави ад хок и не е низ строго утврдена процедура во која ќе се обезбедат факти и докази, потоа ќе паѓа на Суд. Меѓутоа, основната цел на Специјалното јавно обвинителство е да се направи една хајка која ќе се употреби во изборната кампања. Но, анализите покажуваат дека граѓаните не му веруваат на СЈО, преку 64 проценти не му веруваат, а на тие луѓе одлуките на СЈО нема да им влијаат како ќе гласаат.
Имаме случаи на пример, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше во затвор, па повеќе од десет години владее со Турција, Јанез Јанша е во затвор во Словенија и кога ќе излезе повторно ќе победи на избори, така што, кој намислил да гласа за ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа, кој намислил ќе гласа за СДСМ.
Бадијала им е се што прават, направија огромна штета за Република Македонија. Сакам да посочам на еден парадокс. Тврдат дека Јавното обвинителство не чини, и од тоа такво обвинителство што не чини ги земавме обвинителите што не чинат и направивме Специјално јавно обвинителство. По се изгледа дека се прави некој Нинбершки процес по кој ќе мора да се носи закон за рехабилитација на жртвите од СЈО. Овој период треба да се преживее.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст