Вчера во 13.10 часот во ПС Гостивар Д.К. (41) од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 13.00 часот, додека го средувал дворот, забележал дека некој се движи на горниот кат од куќата. Земал мотика, влегол во куќата и видел дека вратите од собите се насилно отворени и дека во нив е направено пребарување.
Во една од собите пронашол непознато лице, кое во раката држело прожектор, кој го фрлил кон Д.К. и го погодил во ногата, по што почнало да трча по скалите. Д.К. со мотиката го удрил непознатото лице во пределот на грбот, но истото успеало да избега.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Гостивар и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст