Знам колку е битно да се има дом, да се има кров над глава. И не само дом, туку сите оние работи кои ја заокружуваат приватната сопственост, те прават свој на своето посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како дел од отчетот кој го дава пред граѓаните.
-Долго време граѓанинот беше запоставуван во овој поглед, отприлика ставен и оставен на ветромет… ние тоа го прекинавме. Стратешка поента беше да се овозможи човекот, граѓанинот да го осигура она што е негов дом, негова сопственост, да има котва сидро во нашата земја, да се осеќа свој на своето. Затоа и овозможивме легализација на дивоградбите, но и откуп на дворовите, да се стави печат на она за што се вложувало со години, но и да се подобрат условите за да може да се стекне дом. Преку големите поволности на проектот купи куќа купи стан, сега со новиот проект купи куќа за млади и тоа е за оние кои имаат некакви приходи и средства. За ранливите пак градевме и ќе градиме социјални домови во кои бесплатно живеат и ги користат, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии