Дерби натпреварот на турскиот шампионат меѓу Галатасарај и Фенербахче, кој требаше да се одигра вечерва, со почеток од 19 часот по македонско време, е одложен поради страв од нови терористички напади во Истанбул. Полициските сили на Турција, во координација со фудбалските власти дојдоа до заклучок дека е подобро во вакви услови на намалена безбедност фудбалскиот меч кој исто така со себе носи многу можни инциденти, да биде одложен.
Дел од фановите на двата тима веќе се собираа во своите препознатлвии квартови во Истанбул, кога беше соопштена новата одлука на Фудбалскат федерација на Турција.
Фенербахче е второпласиран тим на табелата, со четири бода негатива во однос на лидерот Бешикташ, додека Галатасарај оваа сезона игра под можностите и се наоѓа на петтата позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.