| четврток, 6 декември 2018 |

Поради ова сите и се потсмеваа но таа им ги затна устите!

22-  годишната професионална танчарка Касандра Науд е родена со голема бемка под  левото око. Во текот на детството била исмевана и задевања од страна на децата, а во тинејџерските денови ги преколнувала родителите да и дозволат да направи пластична операција. Тие пак се противеле поради стравот дека ќе и остане голема лузна на лицето.

69250_1lic

Но времињата се менуваат па така Касандра сега не сака ниту да чуе за операција. Денес ја цени својата единственост која и помага дополнително да се истакне во својата работа.

-Мојата бемка е голем дел од мене. Ме прави единствена и оригинална, што е многу важно за професијата со која одбрав да се занимавам“, потенцира младата танчарка.

Иако ја советувале да користи фотошоп за фотографиите на своето лице, таа тоа го одбила. „Токму мојата бемка прави да сум поразлична од сите други и имам чувство дека никогаш не ми одмогнал во животот“, вели самоуверена Касандра која својата за некои маана ја свртела  во голема предност.

69250_capture-20150404-162339

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top