Дискофилите двојат и неколку илјади долари за определено парче винил со „непроценлива вредност“ за колекционерите. Меѓу десетте најпобарувани, три (очекувано) се на Битлси, но рекордот во цена го држи Боб Дилан.
1. BOB DYLAN // THE FREEWHEELIN’ BOB DYLAN (1963)
Вториот албум на Боб Дилан претрпел мала измена токму пред да излезе во 1963 година. Сменети се четири песни, а никој не знае како дошло до грешката дел од тиражот на плочите да е испечатен со „тргнатите“ песни. Таа разлика сега изнесува десетици илјади долари.
Сега се знае дека постојат дваесетина копии на плочи снимени во моно- техника , како и неколку во стерео. Последната таква копија е продадена за 35 илјади долари.
2. THE BEATLES // THE BEATLES (WHITE ALBUM) (1968)
Албумот на Битлси познат како „белиот албум“ е издаден 1968, но не сите изданија се исти. Членовите на бендот и на оние во студиото им биле дадени копии со сериските броеви кои почнувале од А000000, А000001,А0000002 итн. Првата копија во 2013 е продадена за 35 илјади долари, додека година претходно копијата А0000023 е продадена за 13.750 долари
3. DAVID BOWIE // DIAMOND DOGS (1974)
Оригиналната верзија на албумот е повлечена бидејќи на сликата биле прикажани и кучешките гениталии. Иако деловите „се избришани“, дел од вработените биле доволно паметни да го задржат оригиналот. Во 2003 година една копија е продадена за 3550 долари. Имајќи предвид дека од тогаш мина цела деценија, како и фактот дека Дејвид Боуви почина, цената веројатно е десетократно порасната.
4. SEX PISTOLS // “GOD SAVE THE QUEEN”/”NO FEELINGS” 7-INCH (1977)
Приказната вели дека британскиот панк-рок бенд во март 1977 година потпишале со издавачка куќа, за по 6 дена да бидат исфрлени заради лошо однесување. Но веќе биле испечатени 25000 копии од синглот God Save the Queen.Паднала наредба да се уништат копиите, но до сега се појавија девет оригинални парчиња. Секое од нив вреди 8600 долари.
5. HANK MOBLEY // BLUE NOTE 1568 (1957)
Меѓу 300 и 1000 копии од оваа џез плоча се издадени во 1957 година и има една мала разлика зошто ги прави толку вредни. Имено компанијата останала без налепници за албуми и дел од нив ја имаат адресата само на една страна. Една копија без налепница била продадена за 10.000 долари.
6. THE BEATLES // PLEASE PLEASE ME (1963)
Според „водичот за колекционери“ за Битлси овој албум е отпечатен набрзина на 22 март 1963 година. Неколку пати дополнително се правени копии, но колекционерите ги препознаваат златните букви преку црна позадина како прво издание. Плочите во моно- верзија чинат неколку стотици долари, но стерео изданието чини 4200 долари.
7. THE BEATLES // YESTERDAY AND TODAY (1966)
Оригиналното пакување на албумот не е добро прифатена, па Капитол Рекордс потроши 250 илјади долари за повлекување на 750.000 копии кои веќе беа испратени до продавниците. Сепак, дел од оригиналното пакување се уште може да се најде и да се купи за 15.300 долари
8. BRUCE SPRINGSTEEN // “SPIRIT IN THE NIGHT” 7-INCH (1973)
Еден колекционер на една радио емисија рекол дека првото издание на Брус Спрингстин за Колумбија Рекордс може да достигне 5000 долари.
9. THE ROLLING STONES // “STREET FIGHTING MAN”/”NO EXPECTATION”(1968)
Ова издание на Ролинстоунсите за синглот „Стрит фајтинг мен“ за американскиот пазар има пакување со слика од бруталноста на полицијата за време на протестите од 1968 во Чикаго. Компанијата сепак го повлекува изданието, но во светот постојат околу 18 копии. Една од нив е продадена за 17000 долари.
10. NIRVANA // BLEACH RE-RELEASE (1992)
Кога овој албум се појави во 1989 првити издание било лимитирано на 1000 копии кои биле продадени во Сиетл. Сега тие копии вредат неколку стотици долари, но тие не се највредните. Компанијата експериментирала со различни техники на печатење, па во една комбинација на бои има 500 парчиња кои вредат 1500 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.