Осумдесеттина советници од Бирото за развој на образованието во Република Македонија изминатите неколку дена посетуваа обука за активно учење, креативна настава, критичко размислување и воведување на ИКТ во училниците организирана од Преставници на Институтот за образование од University College London. Стекнатото знаење советниците ќе им го пренесат на професорите во јавните средни училишта во земјата, со цел подигнување на квалитетот на наставата.
– Работевме со осумдесеттина луѓе кои поминаа низ обуките, а тие ќе обучуваат над седум илајди наставници во Република Македонија, користејќи ги методите коишто им ги покажавме ние. Нашиот пристап се фокусираше на модел кој покажува како наставата треба да се одвива во училниците и наместо да ги подучуваме за активно водење на наставата ние всушност практикувавме таква настава, рече Еленор Харгривс од University College London.
Додаде дека е импресионирана од посветеноста и креативноста на лицата кои ги посетувале овие обуки. Тие, додаде Харгривс, биле гоелми ентузијасти во однос на обуката, напорно работеле и изрази уверување дека ќе бидат одлична поддршка за македонските наставници.
Најави дека повторно ќе дојдат во Македонија да направат мониторинг и, како што потенцира, да ги поддржат советниците во периодот кога ќе ги спроведуваат обуките на наставниците.
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски потенцира дека обуката била во насока на применливост на интерактивни методи на настава, спроведување и зголемување на интензитетот на групната работа и развојот на критичката мисла во процесите коишто, како што рече, можат и треба да ги следат сите реформи се спроведуваат во Република Македонија, пред се во делот на имплементацијата на новите наставни програми кои ги спроведуваме со Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ.
– Во месеците и годините што следуваат ќе продолжи ваквиот тип директни обуки од најреномирани центри. Во план е да ги зголемиме односно да ги интензивираме најмалку двапати годишно, рече Ристовски.
Додаде дека советниците наученото ќе го пренесат на наставниот кадар во средните училишта во земјава по групи и региони.
– Тоа е процес кој ќе се спроведува во текот на една цела наставна година и со тоа ќе се зголемува квалитетот на спроведување на наставата од страна на наставниците, рече Ристовски.
Појасни дека University College London е еден од топ 20 универзитети според Шангајската листа. Институтот за образование при овој Универзитет неодамна во светски рамки добил награда за врвен институт во развивњето на образованието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст