Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска на својот официјален профил на „Фејсбук“ пренесе дека угледниот магазин „Бизнис Инсајдер“ врз основа на релевантните податоци на Светскиот економски форум ја рангираше земјава на првото место на планетата според најниски даноци со просечна даночна стапка од 7.4% што ја прави државата лидер на глобално ниво и единствената држава во Светот со просек под 10%.
Груевски додаде дека определбата на владејачката партија е воспоставување на најниски даноци за развој на економијата и зголемување на инвестициите што ќе значат пак отворање на нови работни места.
Македонија е земја со најниски даноци во светот. Угледниот магазин Бизнис Инсајдер врз основа на релевантните податоци н…
Posted by Nikola Gruevski on сабота, 19 март 2016
Во продолжение следува интегралниот текст од неговиот статус
Македонија е земја со најниски даноци во светот. Угледниот магазин Бизнис Инсајдер врз основа на релевантните податоци на Светскиот економски форум ја рангираше земјава на првото место на планетата според најниски даноци со просечна даночна стапка од 7.4% што ја прави државата лидер на глобално ниво и единствената држава во Светот со просек под 10%. Ниските даноци освен влијанието кое што го имаат во креирањето на поволната бизнис клима, практично значи дека државата најмалку зафаќа од граѓаните и компаниите преку наплатата на ефективен данок. Тоа овозможува повеќе пари кои остануваат за стопанството и граѓаните.
Нашата определба е воспоставување на најниски даноци за развој на економијата и зголемување на инвестициите што ќе значат пак отворање на нови работни места. Затоа воведовме најнизок рамен данок во Европа од 10%, ослободување на фирмите од обврската за плаќање данок на нераспределената добивка, го задржавме данокот на добивка од 0% ако се реинвестира добивката, ги намаливме стапките за придонеси за пензиско и за здравствено осигурување. Се укина односно на 0% се сведе данокот на добивка за микро и мали бизниси со приход до 3 милиони денари, воведовме право на избор на моделот на оданочување, а во периодот 2006-2015 извршено е намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% на повеќе категории на производи и услуги. Значително се намалија и царините.
Ваквата комбинација на мерки придонесе Македонија да е во врвот на извештаите на економските институции. Македонија според добрата бизнис клима во најновиот извештај на Doing Business 2016 на Светска банка е рангирана на извонредното 12. место меѓу 189 земји во светот што е скок од 82 места во однос на 2006 година кога бевме на 94 место, а во европски рамки сме на 6то место и подобро сме рангирани од 24 земји членки на ЕУ.
И она што е најважно:
1.ниските даноци ни овозможија развој, и секоја годинa сме во група на земји со највисок раст на БДП.
2.ни овозможија многу домашни и странски инвестиции со кои се отворија 150 илјaди работни места повеќе отколку во 2006тата, а невработеноста од 38 падна на 24,6 отсто. Од земја каде не се сеќаваше никој на нова фабрика, на грин филд инвестиција, станавме земја каде речиси секоја недела имаме нешто ново на тој план.
3.се зголеми извозот од 1,9 милијарда евра во 2006тата на 4 милијарди евра во 2015тата.
4.се намали сивата економија и затајувањата данок. Приливите во буџетот драстично пораснаа, па низ годините опозицијата постојано не критикуваше дека секоја година буџетот расте, заборавајќи при тоа дека расте ама со воведени најниски даноци на планетата. Во Македонија е најнеисплатливо да се ризикува со затајување данок, бидејќи е многу низок.
5.Денес споредено со времето од пред десетина години, државниот долг е горе долу ист. Тој тогаш на крајот на 2005та беше 36.7 отсто од БДП, следеа намалување на даноците, на крајот од 2015та е 38 отсто. Во еден период пред да започне светската глобална криза (2007ма и 2008ма), а по неа и европската должничка криза(2010-2013та), вишоците, суфицитите во буџетот ги користевме за предвремено раздолжување кон меѓународните кредитори, па така државниот долг го намаливме на 23 отсто, а за време на светската и европската финансиска криза, кога се намалија нарачките на нашите фирми, кога се намали извозот и странските инвестиции, заради екстерни фактори, свесно водевме политика на поголемо задолжување заради инвестиции во капитални проекти (патишта, железници, енергетски објекти и сл.), што меѓу другото помогна за создавање работа на илјадници компании во Македонија, и поминување низ овие две кризи со најмали последици споредено со другите европски земји, во смисла дека во овој период ниту еднаш не се зголеми невработеноста и таа постојано опаѓаше, а стапките на раст беа најчесто помеѓу највисоките три или пет во Европа. Оттука, можам да кажам дека ниските даноци воопшто не влијаеа на задолжувањето.
6. Рамниот и низок данок го препорачувам на секоја држава. Тоа значи помало зафаќање од државата од приватниот сектор. Приватниот сектор секогаш поквалитетно ќе ги искористи парите отколку државата ало останат кај него, не само во своја корист, туку и во правец на повисок економски раст и развој, поголем извоз и многу повеќе нови работни места. Демотивиран е да затајува данок особено ако како кај нас се превземзт и дополнителни мерки против загајување данок, и конечно ниските и рамни даноци се магнет за инвеститорите.
Ваквите меѓународни извештаи, вклучително и последното рангирање на Бизнис Инсајдер е одличен показател за сите потенцијални инвеститори и пред се верификација на нашите напори за економски развој и напорите за отворање на нови работни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст