| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ во ДИК почнала да лицитира со бројки, за да го покрие срамот од очигледната манипулација

Откако сите заклучиле дека бројките на СДСМ за наводни фантомски гласачи се нереални и на ниту еден начин не може да се докажат и заосноваат на факти, тие започнале да лицитираат со бројки со цел да биде бројката на гласачи која сакаат да ги проверат поголема и СДСМ да се извлече од кашата во која се најде.

Од друга страна нечуено и досега невидено е нешто што треба да биде предмет на математичка операција да се лицитира и да биде предмет на политички договор. Тоа познавачите велат е невиден апсурд, исто како да треба да соберете еден плу еден, и наместо да кажете дека се два, вие да толкувате дека сите треба да замолчат пред вистината и да каќжат дека се три. Тоа е невиден преседан коментираат експертите.

На ова му претходеше студен туш за членовите на СДСМ во ДИК откако по превземените проверки се утврдило дека бројката на гласачи е најмалку 4 ипол пати помала од тоа што тврдеа во јавноста.

Тоа резултирало и со давање на непристоен предлог кон албанците во ДИК. Непристојниот предлог на СДСМ бил Албанците да гласаат за предлогот на СДСМ иако тој бил целосно неиздржан, а за возрат членовите на СДСМ во ДИК да подржат да нема проверки кај гласачите албанци каде не се поклопуваат податоците, што во основа е дискртиминаторски и незаконски предлог. За упатените ова е јасен доказ за подлоста и некоректноста на игрите на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top