Целосни информации за нутритивните вредности и составот на производот, каде ќе мора да бидат наведени сите алергени доколку ги има во нивниот состав – ова е дел од законската регулатива со која детално ќе биде означувана храната што ќе се продава по маркетите во земјава, а која стапува на сила од 13 мај.
Тоа значи дека на на новата амбалажа ќе бидат назначени и одредени витамини или минерали што ги содржи производот. Исто така задолжително ќе треба да биде означено името на производот, а минималната големина на буквите треба да биде 1,2 милиметри со цел да бидат видливи за потрошувачите и тие полесно да се информираат за производот што сакаат да го купат.
Овие новини се дел од Правилникот за информации поврзани со храната изработен од Агенцијата за храна и ветеринарство кој стапи на сила на 3 септември 2015 година.
Компаниите веќе ги подготвуваат новите декларации на амбалажата на прехранбените производи кои треба да содржат детални податоци за самиот производ.
Новите декларации требаше досега да се применат, но имаше 6-месечно одложување на барање на поголемите производители на храна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст