| четврток, 6 декември 2018 |

Откриен вирус кој предизвикува дебелина, заразени половина популација

debelinaТехниката потврди постоење на нов вирус во половина од примероците. Професорот по биоинформатика Роберт А. Едвардс вели дека не е необично да се пронајде нов вирус, туку да се пронајде во толку многу примероци.

Според истражувањето, половина од светската популација е домаќин на овој новооткриен вирус наречен crAssphage. Вирусот цели на една од најчестите желудочни бактерии која се поврзува со дебелината, дијабетесот и други желудочни болести. Се уште не се знае како вирусот се пренесува. Истражувањето е објавено во списанието „Nature Communications“.

Професорот Едвардс и неговите соработници ги користеле резултатите од претходните истражувања за желудочни вируси за да истражат нови евентуални вируси. Прегледале примерероци од фекалии од 12 поединци и во секој примерок пронашле иста вирусна ДНК која не одговарала со ниту еден познат вирус. Потоа го побарале пронајдениот вирус во базата на податоци HMP-Human Microbiome Project).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top