Себастијан Фетел ја потврди класата со нова победа во Формула 1 на Големата награда на Бахреин. Уверливо, моќно, без грешка, актуелниот шампион ја декласира конкуренцијата, оставајќи го најблискиот до себе Кими Раиконен за 9 секунди на целта.
– Беше мошне важно да се контролира трката од стартот. Болидот беше брз, а морам да им честитам на сите од мојот тим бидејќи беспрекорно ја завршија работата. Честитки и за Рено. Сите тројца пилоти на победничкиот подиум користиме мотори од нив. Очигледно е кој си ја врши работата беспрекорно – рече Фетел, по 28. победа во кариерата.
Тој одржа вистински час по возење уште од самиот старт, а лесно го мина и Фернандо Алонсо на првиот свиок на патеката Шахир. Зад него низ целта минаа Раиконен и Грожан и двајцата пилоти на Лотус. Фетел е убедливо прв пред европската турнеа со 77 бода, пред Раиконен со 67 и Хамилтон со 50. Следните две трки се на стариот континент, на 12 мај во Барселона и две недели подоцна во Монако.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


