| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на „Школка“ на Градски дувачки оркестар на МКЦ во повод Денот на пролетта

На 20 март, недела по повод одбележувањето на денот на пролетта, во Градскиот парк на „Школка“, со почеток во 11.30 часот, Градскиот дувачки оркестар на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе одржи концерт.
 gudacki
Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари, како и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечена нота. Публиката ќе има можност да ужива во изведбата на безвременските композиции  на Добсшески, Милер, Харисон, Макартни, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штраус…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top