Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150 метри има на патниот правец Катланово – Велес.
На патниот правец А3 обиколница Битола – Ресен на 70+300 км, поради свлечиште, патот е се уште во прекин во двата правци. Како алтернатива, сообраќајот е пренасочен преку градот Битола.
Општинскиот пат с. Долни Полог – с. Облешево, пред Кочанска река, е во прекин поради прекопан коловоз, каде е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.
Според информација добиена од ДЦС МВР, на 17.03.2016 година од 09:00 часот регионалниот пат с. Подареш – с. Смиланци кај.м.в.„Картало“ атар на Општина Радовиш, е во прекин поради свлекување на земја од левата страна на коловозот.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани – Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.