| четврток, 6 декември 2018 |

Стојановски е најпопуларно презиме во Македонија

Чешкиот лингвист, математичар и уметник Јакуб Маријан изработи карта на која се претстави најпопуларните презимиња во Европа по држави.

Покрај мапата со оригиналните презимиња, Маријан изработи уште една на која се прикажани значењата на тие презимиња.

Така, според картата на Маријан, најпопуларно презиме во Македонија е Стојановски.

Презимето Новак, пак, е најпопуларно во Хрватска, Словенија, Полска и Чешка, додека Иванов е најчесто во Бугарија, Белорусија и Естонија.

– Поминав голем број часови гуглајќи, обидувајќи се да пронајдам податоци на некој од јазивите кои ги зборувам. Секако не ги зборувам сите јазици на државите кои се на мапата, па ги преведував со помош на речник. Почетната точка ми беше напис на Википедија, но за голем број податоци во него немаше наведен извор или едноствано беа целосно неточни, така што секогаш барав примарен извор, изјави Маријан за портаолот „Инди100“.

Откако ги пронашол најчестите презимиња во секоја земја, Маријан за секое од нив нашол и соодветен превод со помош на етимоолошки и генеалошки речници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top