| четврток, 6 декември 2018 |

Владо Георгиев ја расплака Дара Бубамара

vlado
Популарниот пејач Владо Георгиев преку социјалните мрежи порача дека не сака да биде дел од турбо-фолкот, најверојатно по повод пишувањата на поедини медиуми дека со своите коментари ја расплакал Дара Бубамара.
-Нема ти мене во турбо фолк лајфстајл да ме вовлечеш-порачал Георгиев на Твитер.
georgiev

Дара наводно завршила во солзи на снимањето на емисијата „Твоето лице звучи познато“  каде пејачот бил гостин на жирито. Бидејќи Дара го имитирала Рамбо Амадеус, чие име е Антонио Пушиќ, Георгиев прокоментирал дека таа сега е Радојка Пушиќ. Тоа го насмеало Иван Ивановиќ, но не и Дара, која се расплакала кога влегла во гардеробата, пишува Свет.

dara

Изворот кој тогаш се нашол на лице место рекол дека Дара урлала на еден продуцент на шоуто.

-Дали ја донесовте најголемата ѕвезда која ви ја крева гледаноста, за да некој мајмун се шегува со неа?Не давам едно го*но да ме понижува!Луѓе, многу се шегувате со мене. Јас можам утре да се свртам и да си одам, знаеш колку ме боли за вашиот договор, бидејќи гледам дека го штитите и него и Ивановиќ-викала Дара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top