| четврток, 6 декември 2018 |

Русија за два до три дена ќе го заврши повлекувањето на поголемиот дел од контингентот во Сирија

Русија за два до три дена ќе го заврши повлекувањето на поголемиот дел од нејзиниот воен контингент во Сирија , изјави командантот на военовоздухопловните сили генерал Виктор Бондарев.

ruska-vojska

Во интервју за весникот „Космомолскаја правда“ Бондарев нагласи дека задачата, која ја поставија претседателот Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу, ќе биде брзо завршена, за два до три дена.

– Станува збор претежно за повлекување на авиони и хеликоптери – додаде генералот, но не прецизираше колку од нив ќе бидат вратени во Русија и колку ќе останат во Сирија.

Русија испрати педесетина бомбардери, ловци и хеликоптери, кои извршија во Сирија илјадници воздушни напади.

Путин во понеделникот вечерта ненадејно објави дека руската мисија е исполнета и нареди повлекување на главниот дел од рускиот контингент. Првите пилоти и авиони уште во вторникот ја напуштија воздушната база во Хмејмим. Вчера полета и втората група авиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top