| четврток, 6 декември 2018 |

Секојдневно пцуење и тепање – жена од Струмичко со години малтретирана од сопругот

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.К. (62) од с.Секирник поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.

На 2 март пријавениот во алкохолизирана состојба, без повод и причина започнал вербална расправија со својата сопруга К.К., ја навредувал и ја пцуел.

Расправијата ја прекинал неговиот внук, син на неговиот брат.

По превземени мерки било утврдено дека пријавениот повеќе години, секојдневно, ја малтретирал својата сопруга. Тој го признал делото, но негирал дека и се заканувал по животот и телото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top