| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре престануваат врнежите и намалување на облачноста

Конечно, четврток ќе биде ден кој барем малку ќе ни донесе оддишка од врнежите, „Метеопро“. Иако нема да видиме особено долги сончеви периоди, за волја на вистината, источниот регион ќе биде „посончев“ во однос на западниот. Попладне ќе биде поизразена тенденцијата на намалување на облачноста.

Наутро ќе биде свежо, а минималната температура воглавно ќе биде во границите помеѓу 1°С и 4°С низ котлините, а на повисоките места околу -2°С.

Малку посвежо преку ден ќе биде во југозападниот крај, каде се очекува да биде пооблачно во однос на остатокот од земјата. Таму очекуваме максимална температура помеѓу 7°С и 9°С. Постудено, околу 5°С, ќе биде на повисоките места. Повардарието очекува максимална температура во дијапазонот од 10°С до 13°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top