| четврток, 6 декември 2018 |

Направете сами природен еликсир против главоболка

При главоболки, најчесто посегаме по било кој лек против болки кој го имаме при рака. Сепак, ако го направите овој еликсир, тој може да ви биде од многу голема корист, а во исто време поволно ќе влијае на целиот ваш организам.

Состојките кои ќе ви бидат потребни се:

● 500гр мед
● 10 чешниња лук
● неколку зрна бибер

Излупете го лукот и секое чешне исечете го на половина. Ставете ги во чиста тегла, додадете го медот и на крајот и биберот. Затворете ја теглата и оставете ја да отстои пет дена пред консумацијата.

Кога ќе ве заболи глава, земете една лажица од овој еликсир, но потрудете се секогаш да изедете и едно зрно бибер и парче лук.

Овој еликсир може да го консумирате и кога немате главоболки. Земете по една лажица наутро на празен желудник како би го подобриле имунитетот, да ги елиминирате бактериите, да го поттикнете варењето и да го регулирате шеќерот и крвинот притисок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top