Сигурно многу пати сте биле во ситуација, да одите на разговор за работа, но не сте сигурни колкава плата треба да побарате и како да се изборите за подобра понуда.
Основно правило е да имате веродостојна алтернатива. Ако кажете дека имате друга понуда, ќе можете да барате повисока сума на пари.
Воедно треба да знаете колку заработуваат луѓето од вашата бранша, за да оцените дали се работи за добра или лоша понуда.
Во вакви ситуации во глава ќе ви се вртат прашањата „Барам ли премногу“, „Барам ли премалку“, „Дали ќе навредам некој ако барам повеќе“. Но, многу важно е кога се договарате за плата да демонстрирате моќ.
Мора да дознаете даваат ли бонуси, што за нив е малку, а за вас многу.
Ако знаете која е просечната плата за таа професија, први истапете со предлог.
Ако сите овие правила не помогнат, тогаш барајте пократко работно време со тоа што платата ќе биде помала. Ако работното време не им е толку важно, можеби ќе преговарате во тој правец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.