| четврток, 6 декември 2018 |

Расте бројот на жртвите во Сечуан

China_earthquakeПо земјотресот во кинеската провинција Сечуан денеска се известува за околу 200 жртви. Спасувачите прават напори да стигнат до оддалечените зони што се изолирани од свлечишта, по вчерашниот земјотрес со магнитуда од 6,6 степени според Рихетеровата скала. Повредени се најмалку 6.700 лица.

Оштетени се речиси сите живеалишта во реонот Баоксинг каде живеат 58 илјади лица. Оштетени се дури и зградите, изградени по земјотресот со магнитуда од 8 степени од 1980 година, кога загинаа 70.000 лица.

Кинезите во зоната на земјотресот ноќта ја минаа под отворено небо, без храна, вода, облека и шатори, пред се од страв да се вратат во своите оштетени домови, од каде не можеа да си ги земат неопходните нешта, заради постојаните вторични потреси. Кинеската служба за земојотреси објави дека до денеска на пладне се регистрирани 1339 вторични потреси во регионот. Премиерот Ли Кечијанг го посети реонот, настрадан од природната несреќа, за да провери како се одвиваат работите на отстранување на штетите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top