| четврток, 6 декември 2018 |

Знаете ли што значат броевите на лепенките од овошјето?

Веројатно сте забележале дека на некои видови овошје има лепенки со броеви, но сте се запрашале ли што точно означуваат?
Ако на овошјето има лепенки кои се состојат од четири бројки кои почнуваат со 3 или 4, тоа значи дека овошјето е одгледувано по земјоделски правила кои важеа во втората половина на 20 век. Тоа значи дека постојат големи шанси производителот да користел вештачко ѓубриво.
Ако овошјето кое планирате да го купите на лепенката има пет броеви од кои првиот е 8, тоа е знак дека се работи за генетски модифициран производ. Најдобро би било тој производ да не го купувате.
Доколку на овошјето има пет броеви, а првиот е 9, се работи за здрав органски производ одгледуван на традиционален начин што значи без ѓубриво и пестициди. Ова дефинитивно е најдоброто овошје кое можете да го купите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top